Барак Обама ја допира сопругата Мишел по задникот, додека го разгледуваат Акрополот во Грција со ќерките (фото)
- Детали
- четврток, 22 јуни 2023
За време на посетата на Акрополот во Атина, Барак Обама не ја криеше наклонетоста кон сопругата и во еден миг нежно ја допре на задникот. Поранешниот претседател е во Грција со целото семејство, а пред неколку дена беше на гости и во вилата на Том Хенкс на островот Антипарос.
Периодов Барак Обама и неговата сопруга Мишел се во Грција, заедно со нивните ќерки Малија и Саша.
Последно тие беа забележани на Акрополот во Атина, а поранешниот претседател не пробуваше да ја скрие наклонетоста кон сопругата.
На една од папарацо фотките, Обама нежно ја допира Мишел на задникот додека се качуваат по скалила.
Зад нив се двете ќерки, а целото семејство е во лежерно издание.
Мишел изгледа како млада девојка со маслинестиот комбинезон во комбинација со бело, кратко џемперче и бели патики.
Барак е во бели панталони и сина кошула.
Парот го разгледуваше древното зданието Атински Акропол, а поранешниот претседател направи и неколку фотки.
Семејството Обама е во Грција за настан организиран од Фондацијата Обама. Настанот се одржува во Атина, а семејството го искористило слободното време да го разгледа градот.
Бидејќи поранешниот претседател е добар пријател со Том Хенкс, кратко по пристигнувањето се видоа со актерот. За потсетување, Том Хенкс и сопругата имаат грчко државјанство и голем дел од летниот период минуваат во Грција.
Актерот и поранешниот претседател беа забележани и во ресторан на Сифнос.
Според грчкиот медиум Greek City Times, Барак и семејството дури биле и сместени кај актерот Том Хенкс и сопругата, на островот Антипарос.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





