„Не отидов на свадбата на другарка ми поради работата, а требаше да ѝ бидам старосватица - зошто се каам до денес?“

„Кој се мажи во вторник? Тоа би сакала да го знам. Всушност, мојата најдобра пријателка се мажеше во вторник, но јас решив да не одам на нејзината свадба“.

ne-otidov-na-svadba-kaj-najdobrata-drugarka-koja-se-mazheshe-vo-vtornik-zoshto-se-kaam-i-denes-01.jpg

Американка, која сака да остане анинимна, за порталот YourTango раскажа за можеби, најтешката одлука во животот - да не отиде на свадбата на својата најдобра другарка, иако требала да ѝ биде старосватица.

И пет години подоцна, таа сè уште жали за одлуката.

Ова е нејзината приказна:

„Само еден ден претходно (во понеделникот) почнав со нова работа и бев на обука.

Не се чувствував пријатно да побарам неколку слободни часа и да излезам порано од работа. Помислата уште првиот ден да треба да прашам да ме „ослободат“ направи да се чувствувам вознемирено.

Затоа, донесов тешка одлука да не прашувам ништо, туку да ја пропуштам свадбата на мојата најдобра пријателка. Тоа беше една од најлошите одлуки во мојот живот.

Отсекогаш планиравме да си бидеме старосватици кога ќе се венчаме. Кога неколку месеци по дипломирањето ми кажа дека ќе се мажи за нејзиниот дечко, со кого е заедно уште од средно училиште, бев пресреќна и веднаш се согласив да ѝ бидам старосватица.

Но, во меѓувреме најдов на нова работа, на која тргнав еден ден пред нејзината свадба.

Тогаш си мислев – зошто не се венчаат за викенд, викендите се најпопуларниот период во седмица... Тоа им дава можност и на гостите кои доаѓаат од друг град да патуваат мирно, да стигнат на време, дури и да преспијат.

Како можам да побарам од мојот нов работодавец слободен ден кога сè уште не сум таму ниту една седмица? Немав одработено дури ниту цел ден.

Помислата да прашам ми предизвика повеќе вознемиреност, отколку помислата да ја прескокнам свадбата.

1c272e4d85ed950e8faac2976b29fda7.jpg

Во последен момент ѝ кажав на мојата пријателка дека нема да присуствувам на свадбата, а таа, за среќа, имаше друга другарка од средно училиште која прифати веднаш и ѝ стана старосватица. 

Не престанав да жалам за тоа.

Ако сум искрена, уште сум малку љубоморна што друга девојка застана покрај неа кога се мажеше.

Но, тоа беше само моја вина. Мојата пријателка се справи доблесно со ситуацијата.

А како што се испостави подоцна, мојата нова работа не беше поважна од нашето пријателство.

Всушност, иако работев во фирмата скоро пет години, ги презирав работата, клиентите и моите соработници повеќе отколку што можам да опишам.

Ако побарав одмор за да одам на свадбата на мојата пријателка и добиев отказ, денес знам дека тоа ќе беше благослов“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Ја обвинуваа дека е жена со џуџест раст, која лаже дека е дете: Каде е денес Наталија Грејс? Случајот со Наталија Грејс до денес претставува енигма – таа тврди дека е родена...

Најчитани неделава