„Вака ли ќе изгледа кога ќе се врати?“ - Новиот (ужасен) портрет на Кејт Мидлтон е хит на социјалните мрежи

„Одамна не сме ја виделе, заборавивме како изгледа“ – велат твитерџиите откако беше објавен новиот портрет на Кејт Мидлтон, кој воопшто не наликува на принцезата.

taa-e-ili-ne-noviot-uzhasen-portret-na-kejt-midlton-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Новиот портрет на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, стана хит на социјалните мрежи.

Според фановите, уметничкото дело на Хана Узор објавено на насловната страна на магазинотTatler во никој поглед не наликува на познатата принцеза која во моментов се бори со рак.

vaka-li-kje-izgleda-koga-kje-se-vrati-noviot-uzhasen-portret-na-kejt-midlton-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg 

Хана Узор треба да направи серија портрети на кралското семејство кои ќе бидат објавени на насловните страници на познатото списание, но, по објавувањето на првиот портрет на Кејт, британската уметница со замбиско потекло се соочи со голем број критики на социјалните мрежи.

vaka-li-kje-izgleda-koga-kje-se-vrati-noviot-uzhasen-portret-na-kejt-midlton-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Таа се обидела да ја наслика принцезата во аутфитот што таа го носеше на државниот банкет во 2022-ра година, но се чини дека освен фустанот, ништо друго не наликува на Кејт.

На Твитер има голем број објави поврзани со новиот портрет на принцезата, а во продолжение погледнете некои од најинтересните:

„Само сакав да го споделам мојот портрет од Кејт“

„Не сум сигурен кој портрет е полош. Барем на Чарлс прстите наликуваат на неговите. Што се трудат да постигнат со Кејт Мидлтон? Вака ли ќе изгледа кога ќе се врати, ако воопшто некогаш се врати?“

„Ако мислевте дека портретот на кралот Чарлс беше лош, погледнете го ова уништување на Кејт Мидлтон. Речиси е невозможно да биде толку лош“

„Кејт Мидлтон со месеци не се појавила во јавност и бавно ја заменуваат насекаде. Ова е еден пример. Ова е портрет на Кејт, но не можете да бидете сигурни дека е таа или не“

„Дали уметницата е виновна што портретот наликува на Кејт која беше излезена со Вилијам на пазар?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...

Најчитани неделава