Тинејџерска бременост, кламидија, трауми: Поранешни зајачици брутално искрени за животот во Плејбој вилата
- Детали
- недела, 11 мај 2025
Близначки кои почнале да живеат во Плејбој вилата на само 16-годишна возраст велат дека биле истрауматизирани од целото искуство – едната од нив останала бремена од Хју, другата се заразила со кламидија, а и двете биле присилувани на односи со него.
По смртта на Хју Хефнер во 2017 година, сè повеќе жени кои живееле во Плејбој вилата почнаа да откриваат што навистина се случувало таму.
Иако на јавноста ѝ беше јасно дека секс забавите се чести, поранешните зајачици откриваат дека неретко биле дрогирани и присилувани на односи со многу мажи, неретко актери, музичари и слични познати и влијателни личности.
Поради желбата за заработка и раскошен живот, многу девојки се согласувале да живеат во Плејбој вилата, несвесни за „суровата реалност“ што ќе ги пречека таму.
Пред околу три години, најгласна за живото во вилата беше Холи Медисон која беше долгогодишна девојка на Хју Хефнер. Сега, две други поранешни зајачици одлучија да го споделат своето искуство.
Кристина и Кариса Шенон велат дека биле истрауматизирани од животот во вилата и стравувале дека ќе завршат трагично, како Ана Никол Смит која честопати позираше за контроверзниот магазин и се предозира на 39-годишна возраст.
Кристина и Кариса се близначки кои денес имаат 35 години и за магазинот People велат дека сега само сакаат да имаат нормални животи.
Родителите на близначките биле многу млади кога ги добиле – татко им имал 19, а мајка им само 16 години. Па, тие пораснале со нивната баба во Мичиген.
На 16-годишна возраст се откажале од училиштето бидејќи морале да работат.
И двете се вработиле во ресторан каде покрај келнерки, биле и модели за рекламните кампањи.
Токму преку овие кампањи биле забележани од фотограф кој работел за Плејбој, а кога и Хју Хефнер ги видел нивните фотографии, им понудил да позираат за магазинот.
„Ни кажаа дека ќе бидеме модели за магазинот. Ни рекоа дека Хју многу нè сака и дека сме примени (во вилата)“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





