Тинејџерска бременост, кламидија, трауми: Поранешни зајачици брутално искрени за животот во Плејбој вилата

tinejdzherska-bremenost-klamidija-traumi-poraneshni-zajachici-brutalno-iskreni-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-05.JPG

Девојките позирале за магазинот додека живееле во вилата, но велат дека не биле подготвени за она што ги дочекало таму.

„Ни беше како културен шок. Пораснавме без мајка, па не знаевме ништо за шминка, фризури или мода. И, бевме многу млади – бевме тинејџерки.

Другите Плејбој модели ни љубомореа бидејќи сме близначки. Тогаш бевме најмладите модели, но и најмладите девојки на Хју“.

tinejdzherska-bremenost-klamidija-traumi-poraneshni-zajachici-brutalno-iskreni-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-09.JPG

Бидејќи биле малолетни, девојките останувале затворени во вилата кога другите зајачици и модели излегувале.

Иако добивале посебно внимание од Хју Хефнер, велат дека набрзо сфатиле дека тоа е лошо. На 19-тиот роденден, Хју им кажал дека ќе мора да спијат со него. И, тогаш сфатиле во што се вплеткале.

„Никогаш не би сакале да спиеме со него. И тоа на нашиот 19-ти роденден. Никогаш нема да го заборавиме тоа.

Подоцна, кога тој заспа, истрчавме во нашата соба и се истуширавме со многу жешка вода бидејќи како да сакавме да се стерилизираме“, открива Кариса.

tinejdzherska-bremenost-klamidija-traumi-poraneshni-zajachici-brutalno-iskreni-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-06.JPG

Кристина, пак, додава дека од таа вечер веќе не се чувствувала како нејзиното тело да е нејзино.

Близначките велат дека додека живееле во куќата, и двете се заразиле со кламидија, додека Кариса останала бремена и абортирала.

Во 2010 година, близначките собрале храброст да ја напуштат куќата, но она што го преживеале ги трауматизирало. Поради траумата, имале проблем со зависност.

„Сите ни велеа дека минуваме ни фаза како Ана Никол Смит. Се здебеливме. Користевме многу алкохол и лекови.

Здравјето ни беше во лоша состојба, се чувствуваме изгубено и на моменти размислувавме и за самоубиство. Немавме никој на светот, само ние две“, раскажува Кристина.

tinejdzherska-bremenost-klamidija-traumi-poraneshni-zajachici-brutalno-iskreni-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-04.JPG

Кога го допреле дното, двете девојки одлучиле дека единствен начин да си ја подобрат состојбата е да си заминат од Лос Анџелес и да се вратат во домот во којшто пораснале.

„Возевме без запирање додека не стигнавме во Мичиген. Буквално се молевме и само пробувавме да си ги промените животите. Мислам дека ова беше мигот кога вистински пораснавме“, раскажува Кариса.

tinejdzherska-bremenost-klamidija-traumi-poraneshni-zajachici-brutalno-iskreni-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-07.JPG

Близначките велат дека почнале да одат на психијатар и биле дијагностицирани со депресија, биполарно растројство и анксиозно нарушување. Велат и дека се посветиле на својата вера и ова им помогнало.

Моментално, тие се фокусираат на тоа да добијат лиценца за да работат како агенти за недвижнини, а се надеваат дека ќе најдат љубов и ќе си основаат семејства.

Прочитајте и: Биле дрогирани и манипулирани, не смееле да излегуваат надвор – „зајачиците“ со шокантни откритија за животот во Плејбој вилата

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти „Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со г...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...

Најчитани неделава