Возачот кој го сними автомобилот на Жота во пламен, ја демантира полицијата: „Се колнам, не возеа пребрзо“

Според прелиминарниот полициски извештај, Диого Жота и неговиот брат возеле над 120km/h, колку што е дозволено на тој дел од автопатот. Но, возачот на камионот кој го сними автомобилот во пламен, сега ги демантира.

vozachot-koj-go-snimi-avtomobilot-na-zhota-vo-plamen-ja-demantira-policijata-se-kolnam-ne-vozea-prebrzo-01.jpg

Португалецот Хозе Азаведо, возачот на камионот, кој го сними автомобилот на Диого Жота како гори, се појави во јавноста една недела по страшната несреќа.

vozachot-koj-go-snimi-avtomobilot-na-zhota-vo-plamen-ja-demantira-policijata-se-kolnam-ne-vozea-prebrzo-02.jpg

Тој објави ново видео, во кое раскажува што видел и што се случувало на фаталната делница од автопатот А-52 во Шпанија, но и го демантира прелиминарниот полициски извештај.

vozachot-koj-go-snimi-avtomobilot-na-zhota-vo-plamen-ja-demantira-policijata-se-kolnam-ne-vozea-prebrzo-04_copy.jpg

„Јас сум возачот кој го сними Lamborghini-то како гори. Кога стигнав до колата застанав, зедов противпожарен апарат, почнав да гасам, да пробам да помогнам.

Но, поради силниот удар, огнот што гореше, не можев да направам апсолутно ништо.

Тие ме претекнаа многу мирно, не возеа пребрзо. Се колнам, не возеа над дозволеното. Возеа многу опуштено. Можев да ги видам и бојата и марката на возилото.

Возам по овој пат од понеделник до сабота и знам дека е ужасно место. Многу е темно.

Мое искрено сочувство. Јас имам чиста совест, знам што видов, што направив. За жал, така заврши.

Престанав да снимам штом дојдов до возилото, пробав да помогнам, но за жал ништо не можеше да се направи“, вели тој во видеото.

 vozachot-koj-go-snimi-avtomobilot-na-zhota-vo-plamen-ja-demantira-policijata-se-kolnam-ne-vozea-prebrzo-05.jpg

За потсетување, Диого Жота и неговиот помал брат Андре Силва, загинаа во сообраќајка на 03.07, на пат од Шпанија кон Англија.

Полицијата на лице место констатирала смрт на двајцата патници во автомобилот, а според првичниот извештај, до несреќата дошло бидејќи возачот ја загубил контролата над автомобилот, откако им се дупнала гума.

vozachot-koj-go-snimi-avtomobilot-na-zhota-vo-plamen-ja-demantira-policijata-se-kolnam-ne-vozea-prebrzo-06.jpg

Тие возеле со брзина над дозволената и удриле во банкина, а при страотниот удар, колата се запалила.

Двајцата браќа беа погребани минатиот викенд во Португалија, во близина на црквата во која Жота и неговата љубов од детството се венчаа само 11 дена пред трагедијата.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2 недели

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брат за медал! 11-годишно момче секој ден ѝ прави нова фризура со плетенки на сестричката – има смис... Момчето е толку многу усовршено, што има измислено 300 уникатни фризури со плете...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...

Најчитани неделава