Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мистериозна милијардерка: Има 33 години, богата е, а никој не ја знае

Како го замислувате животот на милијардерите? Дали во равенката влегуваат славата, луксузот, скапите хотели и најгламурозните забави? Веројатно тоа ви е прва асоцијација која ви паѓа на памет, но некои од нив водат сосема поинаков живот.

misteriozna-milijarderka-ima-33-godini-prebogata-e-a-za-nea-recisi-nishto-ne-se-znae-01.jpg

Таков е случајот со Линси Снајдер. Оваа девојка не се појавува на медиумите и по социјалните мрежи, па ако се обидете да откриете нешто за неа, тешко дека тоа ќе ви појде од рака. Нејзините интервјуа можат да се пребројат на прсти.

Линси е дел од семејството кое го поседува ланецот за брза храна „In-N-Out“, еден од најпопуларните ресторани за брза храна во САД. Таа е претседател на управниот одбор, а како единствена наследничка, за две години овој ланец на ресторани целосно ќе биде во нејзини раце.

Со тоа, Линси ќе стане една од најмладите милијардерки во Америка. Таа избегнува контакти со медиумите, но овој пат дала интервју за каналот CBS.

„Не сакам да бидам во центарот на вниманието. Тоа не сум јас“ – одговорила богатата наследничка на прашањето зошто е толку таинствена.

На професионален план таа е успешна жена, но семејната приказна не е онака како што таа ја замислила. 30-годишната милијардерка останала без неколку членови од семејството.

Првиот ресторан го отворил нејзиниот дедо во 1948-та година, а откако починал во 1976-та, ланецот го наследил нејзиниот чичко Рич кој бил на чело на компанијата се до авионската несреќа во која го загубил животот.

Потоа фирмата ја презел нејзиниот татко Гај, но по 6 години, кога Линси имала само 17 години, тој починал од предозирање.

По него, нејзината баба ја презела фирмата и ја водела се до 2006-та година. По неа, сега Линси е на чело на компанијата.

Таа досега отворила нови ресторани уште во две земји во САД, но бизнисот не го менува. Се држи до рецептот и начелата кои се поставени уште пред да дојде на чело на компанијата.

Она што го открила за нејзиниот приватен живот е дека се занимавала со аматерски бокс, има неколку тетоважи, од кои една е по Евангелието по Јован каде Исус вели: „Не се изненадувајте ако светот почне да ве мрази, бидејќи ме мразеа и мене“.

Нејзиниот приватен живот сè уште е вистинска мистерија. Она што е познато е дека таа била во брак веќе 4 пати, а точната бројка на деца кои ги родила е непозната.

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Неуспешно запросување во Париз - девојка го одби дечкото и избега со трчање Она што момчето очекува да биде еден од најубавите моменти во неговиот живот, се...
Мрачната судбина на Стејси Дон: Татко ѝ ја терал да му биде „сопруга“, добила ќерка од него - денес ... Нејзиниот живот, од безгрижно детство, преминал во злоставување и страв кога поч...
Мрачната приказна за племето „Каро“, во кое бебиња биле убивани од најбизарни причини Децата ако биле родени како близнаци, со албинизам или некаков деформитет, дури ...
Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кеј... Откако ѝ раскинал по телефон, Вилијам отишол да слави за својата слобода. Кејт, ...
Што е мистериозната сина светлина на небото што синоќа ја забележаа и Балканците? Иако изгледа како портал до некој друг свет, експертите имаат поедноставно објас...
Измамник изнудил 800.000 евра од Французинка – ја лажел дека е Бред Пит и дека му требаат пари за оп... Жена од Франција била убедена дека се допишува со Бред Пит и дека му дава пари з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg