Шапка на кревет, вторник 13-ти: Најпознатите европски суеверија

Во Европа постојат неколку заеднички суеверија, како црна мачка, кршење на огледало, носење на чадор во затворен простор... За сите овие работи се верува дека носат лоша среќа.

shapka-na-krevet-vtornik-13ti-najpoznatite-evropski-sueverija-01.jpg

Постојат и верувања кои носат среќа, како детелина со 4 листа.

За разлика од овие општи суеверија, постојат и индивидуални суеверија кои настанале како резултат на културни и фолклорни настани или традиции.

Кои се најпознатите европски суеверија?

Португалија

Во Португалија, лоша среќа е да се оди наназад. Кога влегувате во куќа секогаш морате прво да зачекорите со вашата десна нога, никако со лева. Ако ја оставите шапката на креветот, ќе ве прати несреќа. Ако ви се истури вино на маса, тоа носи среќа на целата куќа.


Шпанија

Шпанците сметаат дека вторник 13-ти, а не петок 13-ти е несреќен ден. Вторник, односно martes на шпанскиот јазик потекнува од името на Марс, кој е симбол за тензија, војна и агресија.

Исто така, се верува дека оџаците треба секогаш да бидат затворени, бидејќи вештерките можат да се искачат по него. Меѓутоа, ако слушнете или видите штурец, радувајте се, тој значи голема среќа.


Исланд

Ако се селите во нов дом, направете го тоа на дождлив ден, бидејќи тоа ќе ви донесе богатство.

Обрнете внимание на вашето кивање. Ако кивнете три пати пред појадок во недела, ќе добиете некоја награда.


Велика Британија

Доколку кажувате: „бел зајак, бел зајак, бел зајак“ на првиот ден од месецот, пред да кажете било што друго, ќе ве прати среќа цел месец.

Доколку имате кошмари, ставете ножици под перница, ќе ве ослободат од кошмарите.


Данска

Во Данска луѓето ги чуваат старите чинии за да ги фрлат пред вратите на нивните пријатели на новогодишната ноќ. Се смета дека ќе ве прати среќа доколку најдете искршени чинии пред врата следното утро.


Германија

Тропање на дрвена маса носи среќа додека наздравување со вода носи лоша среќа.


Австрија

Јадење лук помешан со јогурт носи среќа, додека ако ги кажувате соништата пред да пиете вода ќе ве прати несреќа.


Чешка

Фрлање чевел преку нечие рамо носи среќа, но ако ставате пиво во несоодветна кригла ќе ве следи несреќа.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прељубничката од концертот на Coldplay: „И маж ми беше таму, знаеше дека сум блиска со директорот“ „Мојот сопруг знаеше дека со директорот бевме блиски соработници, знаеше дека из...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
Уапсен осомничениот за атентатот на Чарли Кирк: Има 22 години, татко му го пријавил во полиција Гувернерот на Јута откри дека го уапсиле осомничениот за убиството на политичкио...
Исповед на мајка на деца со попреченост, по трагедијата во која родители ги убија двата аутистични с... „Откако родители во Австралија си ги убија двете аутистични деца, на возраст од ...
Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна ...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...

Најчитани неделава