Видео кое ќе го гледате низ солзи: Татко го снима својот син кој се буди од трансплантација на срце

15-годишниот Тревор Саливан бил опериран и му била направена трансплантација на срцето, а неговиот татко решил да ги сними среќниот момент и солзите на момчето по неговото будење.

tatko-go-dolovil-emotivniot-moment-koga-negoviot-sin-se-budi-od-transplantacijata-na-srce-01.jpg

Оригиналното видео од тинејџерот кој се буди со солзи радосници е прегледано повеќе од 1,2 милиони пати на Фејсбук, а било пуштено и на неколку телевизиски програми ширум Америка.

Филип Саливан, таткото на Тревор, вели дека тој не се чувствувал добро повеќе од една година сè додека во февруари 2015-та година не откриле за што станува збор. Му била дијагностицирана кардиомиопатија.

По една година конечно се оперирал и добил ново срце.

Целта на ова храбро видео била да се разбуди свеста на луѓето за тоа колку многу семејства секојдневно се соочуваат со потребата за трансплантација на некој орган и колкава е важноста на донаторите.

„Го објавивме ова видео во кое Тревор се буди по операцијата за да ја подигнеме свеста за потребата од донирање на органи. После она низ кое помина нашето семејство, ни се промени сфаќањето за животот. Ние сме само едно од многуте семејства кои поминуваат низ ова трауматско животно искуство“ - вели Филип.

Тревор моментално заздравува и е во добра состојба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Венус Вилијамс за операцијата на матка: „Ми рекоа дека ќе искрвавам до смрт и дека нема да останам б... „На овој ден, пред 1 година, имав операција, отворена миомектомија, за отстранув...
Кој е Ел Менчо, наркобосот чие убиство предизвика вооружени немири во Мексико? Потекнувајќи од сиромашно семејство кое одгледувало авокадо, Ел Менчо нелегално ...
Исповед на мајка на деца со попреченост, по трагедијата во која родители ги убија двата аутистични с... „Откако родители во Австралија си ги убија двете аутистични деца, на возраст од ...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
СТАТИСТИКА: Жените се подобри возачи од мажите? Многу често во сообраќај мажите знаат да реагираат на возила кои се движат споро...
Прељубничката од концертот на Coldplay: „И маж ми беше таму, знаеше дека сум блиска со директорот“ „Мојот сопруг знаеше дека со директорот бевме блиски соработници, знаеше дека из...

Најчитани неделава