7 фотки кои изгледаат кул, но всушност се последен знак за помош и спас

Сите со воодушевување раскажуваме за снегот во Сахара или „магично“ обоените води ширум светот, без да размислиме за причините и последиците.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-001.jpg

Овие 7 фотки кои навидум изгледаат кул, всушност кријат приказна која е последен знак за помош и спас на земјата:

Магично розово езеро или застрашувачка последица?

Соленото езеро во Westgate Parks во Австралија ги импресионира туристите. Но, многу малку од нив знаат дека розовата боја се добива како последица од високото ниво на сол, невообичаено високите температури и недостатокот на дожд.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-01.jpg

Снег во пустина

Две години по ред во Сахара паѓа снег и иако сите фотографи се први за да направат фантастични фотки, мора да признаеме дека има нешто застрашувачко позади овој феномен.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-02.jpg

Симпатична фотка од морско коњче?

Не, еколошка катастрофа. Во нормални услови, морските коњчиња би требало да држат алги и морски тревки, наместо пластичен отпад.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-03.jpg

Фестивалско доживување кое се претворило во ѓубре

Balloonfest фестивалот во Кливленд ги воодушеви сите со многубројните балони, поточно 1.4 милиони, кои беа испуштени во воздухот за време на настанот. Се очекуваше да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но тоа не се случи.

Она што подоцна се случило во околниот регион биле нереди и несреќи кои не можеле да се расчистат поради загадувањето.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-04.jpg

Спасувачка мисија или убиство?

Оваа фотка не е така симпатична како што ви изгледа. Направена е на крајот на мај, кога голем кит екстремно се доближил до крајбрежје во Тајланд. Откако пливал хаотично некое време, го привлекол вниманието на спасувачите.

Волонтери се обиделе да го спасат, но по мачни 3 дена, китот починал од 80 пластични ќеси насобрани во неговото тело.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-05.jpg

Гужва која не е направена со Фотошоп

Ова е сосема нормална фотка од воден парк во Кина, каде околу 10.000 луѓе одат да се разладат во топлите летни денови. Дали успеваат? Проценете сами.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-007.jpg

Маските не се тренд, туку потреба доколку сакате да преживеете

Луѓето во Кина не можат да дишат, па во знак на протест, младоженци решиле да направат свадбена фотосесија со маски со филтри. И тука нема ништо кул, ако подобро размислите.

7-fotki-koi-izgledaat-kul-no-vsusnost-se-posleden-znak-za-pomos-i-spas-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...

Најчитани неделава