Меган е несигурна, Трамп е моќен алфа маж: Какви тајни открива потписот на познатите за нив?

Неодамна имавме можност да ги откриеме најоригиналните автограми на познатите, но дали некогаш сте се запрашале што кријат тие?

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-01.jpg

Како и многу други работи, така и ракописот открива многу за личноста и карактерот.

Па така, експертите решиле да ги анализираат потписите на некои од познатите личности и да откријат какви тајни се кријат зад нив.

Погледнете колку многу открива потписот за овие 5 познати личности: 

Меган Маркл

Ова е стилски ракопис на жена која е добра во создавање фасада и на која изгледот ѝ е многу важен. Малите детали, како на пример завртокот на почетокот на буквата М, откриваат дека таа е многу посветена и не се откажува додека не се задоволи со целта. Сака убави работи во животот и има само-дисциплина. Нема ништо да остави на случајноста и има многу високи стандарди за да биде одобрена од општеството. Малите заоблени букви пак во средината укажуваат на изненадувачки недостаток на самодоверба. Сепак,  ова е романтична, страствена и посветена жена.

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-02.jpg

Адел

Потписот открива жена која има високи цели и го достигнува врвот, како и жена со бујна имагинација што ја надополнува нејзината амбиција за величественост. Спојот на мали и големи букви покажува колку е смирена и скромна, како и дека ѝ е важно да се приврзе со публиката, а срцето е симбол за романса кој укажува на слатка, емотивна и природна личност која сонува за љубов.

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-03.jpg

Марк Закерберг

Основачот на Фејсбук има многу оригинален потпис кој повеќе наликува на математичко равенство, што значи дека и неговиот начин на размислување е оригинален. Почетокот на неговиот потпис покажува дека тој е човек на кој му треба подбутнување на почетокот пред тој да се покаже на дело. Емоциите му се повеќе контролирани отколку почувствувани, иако постојат знаци на анксиозност и загриженост. Долните големи завршетоци на буквите покажуваат дека е човек кој може лесно да ги контролира и да се справува со луѓето, како и дека е зависен од богатство.

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-04.jpg

Доналд Трамп

Ова е потпис на алфа маж свесен за сопствената моќ. Непропорционалните големи букви ја откриваат неговата гордост, а аголните завршетоци на буквите „D“ укажуваат на неговата дива амбиција, динамичност и бестрашност. Еднаквоста и регуларноста во потписот покажува дека е човек кој сака да се соочува со факти, па иако има недостаток на емпатија, тој е некој кој има потреба и бара практични решенија на практични проблеми.

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-05.jpg

Ема Вотсон

Актерката има две мали точки на крајот од внимателно конструираниот потпис. Тоа укажува на компулсивно однесување, вклучувајќи анксиозност и труд, како и темелност. Опседната е со контрола и се става себеси под притисок и стрес при настапувањето на платно или зад сцената. Цик-цак линиите пак откриваат дека сака да биде забележана и се фокусира на тоа. Иако однадвор изгледа полна со самодоверба, крајот на потписот открива дека не секогаш верува во сопствените способности.   

megan-e-nesigura-tramp-e-mokjen-alfa-mazh-kakvi-tajni-otkriva-potpisot-na-poznatite-za-niv-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...

Најчитани неделава