Емотивно видео кое топли срца: Бездомник им направи роденденска забава на неговите кучиња со торта и песна – сега веќе не е на улица

Видео на кое се гледа како бездомник им прави роденденска забава на улица на неговите кучиња со торта, песна и солзи во очи, станало вирално во Колумбија, па локалците веднаш се ангажирале – му помогнале да се врати на нозе, па дури и да отвори засолниште за животни. Приказната за овој човек стопли многу срца ширум светот... 

emotivno-video-bezdomnik-od-kolumbija-im-pravi-rodendenska-zabava-na-negovite-kuchinja-lokalcite-sobrale-pari-za-da-se-vrati-na-noze-01.jpg

Пред некој месец, на Инстаграм се појави видео на кое се гледа како маж бездомник им прави мала роденденска забава на неговите две кучиња на улица.

Емотивното видео кое станало вирално во Колумбија ги натерало локалците да преземат нешто, па не само што собрале пари за храна за кучињата, туку успеале и да го тргнат мажот од улица, односно да му најдат дом.

Додека си одел накај дома, еден маж сосема случајно го забележал бездомникот и неговите две кучиња. Бездомникот, Чоко, седел на скали и им ставал роденденски капи на неговите две кучиња.

Мажот веднаш почнал да снима, па на видеото се гледа како Чоко отвора мала роденденска торта и почнува да пее роденденска песна.

Потоа ги пали и ги дува свеќите, па ги прегрнува и бакнува кучињата. На крај им дава од тортата, а во еден миг изгледа и како да плаче.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Choko José Luis Matos ?? (@joseluis.matos.7906)

Кога престанал со снимање, мажот му пришол на Чоко и неговите кучиња и дури тогаш дознал дека тој е всушност бездомник.

Чоко му кажал дека последниве неколку години живеел на улица откако избегал од дома каде што бил малтретиран. Со него секогаш биле двете кучиња – Шеги и Нена – кои ги гледал како семејство.

Чоко му кажал дека прославата била за 4-тиот роденден на Шеги, а открил и дека Нена наскоро ќе го прослави 11-тиот роденден.

Штом мажот го споделил видеото онлајн, локалците веднаш се ангажирале и почнале да донираат храна и за Чоко, и за неговите кучиња.

Некој му подарил и смартфон на Чоко, па тој си направил Инстаграм профил. А, бидејќи веќе бил популарен во Колумбија, неговиот профил брзо се прославил.

Моментално Чоко има над 180.000 следбеници, а Инстаграм профилот му помага да заработува, па сега тој има и дом. Истовремено, тој има отворено сметка за донација, а со помошта на овие пари успеал да отвори засолниште за животни.

Истовремено, тој продава и маици, а дел од заработката ја дава на здруженија кој се борат против насилството кон животните.

Повеќе фотки од Чоко и неговите кучиња на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...

Најчитани неделава