„Колку е тешко да погодиш само две бои?“ – Меган Маркл го нацрта украинското знаме наопаку (фото)

„Меган Маркл – најпаметна од кралското семејство. Исто Меган Маркл – не може да го нацрта украинското знаме“ – сопругата на принцот Хари е мета на шеги и критики откако го нацрта украинското знаме наопаку.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-01.jpg

Меган Маркл и Хари ги израдуваа фановите со појавувањето во Холандија, но изгледа дека нивната посета ќе остане запомнета по гафот на војвотката.

Неодамна беа објавени нови фотографии од нивната посета и иако можеби Меган сакала да ги покаже нејзината грижливост и добрина, она што привлече најмногу внимание е нејзиниот цртеж од украинското знаме.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-04.jpg

Во неделата, 17 април, Меган беше во друштво на семејствата на учесниците во Invictus Games во Холандија каде што читаше детски книги со нивните деца и црташе.

 На една од објавените фотографии се гледа како Меган го црта украинското знаме, но наопаку.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-02.jpg

Можеби најсмешно е што фотографиите беа објавени од страна на Британската амбасада, а никој не ја воочил грешката на Меган.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-07.jpg

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-06.jpg

Јавноста веднаш ја искористи можноста да се пошегува, најмногу бидејќи Меган и Хари гласно ја искажуваат нивната поддршка за Украина.

„Навистина никој не го забележа украинското знаме што го нацрта Меган Маркл?“

„Меган Маркл го нацрта украинското знаме наопаку. Колку е тешко да погодиш само две бои?“

„Хари бил загрижен за баба му? Треба да е позагрижен што неговата сопруга досега не научи како изгледа украинското знаме“.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-10.jpg

„Ако пребараше на Гугл како изгледа знамето (како што наводно морала да ја пребара британската химна) немаше да го нацрта наопаку“.

„Меган Маркл – најпаметната, најинтелигентната. Исто Меган Маркл – не може да го нацрта украинското знаме“, гласи коментар алудирајќи на истражување според кое Меган е најпаметниот член на кралското семејство.

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-05.jpg

Некои, пак, ја бранат војвотката и почнаа да развиваат теории на заговор. Според некои твитерџии, знамето свртено наопаку е знак дека оној што го црта (или покажува) е во опасност.

Па, некои сметаат дека Меган барала помош, но не е јасно од кого и зошто. Други, пак, го толкуваат цртежот на Меган како знак за помошта што ја бара Украина.

Сепак, многу поверојатно е дека војвотката само се збунила.

Прочитајте повеќе: Како Меган Маркл ја одбележа годишнината од првото јавно појавување со Хари + Љубезен гест кон мајка на новороденче (фото+видео)

kolku-e-teshko-da-pogodish-samo-dve-boi-megan-markl-go-nacrta-ukrainskoto-zname-naopaku-vo-holandija-foto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
„Црвениот ѓавол“, арогантен сноб - Кои се најомразените членови на кралското семејство (и зошто)? Принцот Ендру се качил на покривот на Бакингемската палата да ја помести антенат...
Холандија го изгласа најмладиот и првиот геј премиер – има 38 години, верен е со Аргентинец 38-годишниот Роб Јетен доби најмногу гласови и е потенцијален најмлад и прв геј ...

Најчитани неделава