Господинот ѝ се јавува само кога е пијан или има потреба од секс, а таа му крева

Тој ја искористува ситуацијата и воопшто не се грижи дали ќе ги повреди нејзините чувства, а таа пак верува во бајки и магија онаму каде што нема ниту трагa од нив...

gospodinot-i-se-javuva-samo-koga-e-pijan-ili-ima-potreba-od-seks-a-taa-mu-kreva-01.jpg

На сите им беше јасно дека не ја сака, дека му е само девојка за забава на која и се јавува кога му е здодевно. Најчесто кога е пијан или кога не може да најде подобра „опција“ за секс. А таа пак?

Наместо да го избрише неговиот број од телефонот и него како личност од животот, го обожаваше. Го сакаше од дното на душата и како да носеше 10 пара розови очила и одново и одново одеше против себе со надеж дека работите ќе се променат.

И вистината е јасна. Нема! Јасно е дека нема да се променат. Ниту ја сакал, ниту со магично стапче ќе ја засака. Од старт и кажа дека не се гледа во врска со неа и дека сè што може е да се дружат доцна во ноќите.

Ниту ѝ одговара на повиците, ниту и враќа на пораките. Себичен е и се забавува со неа без никакви обврски, ниту ветувања за иднината.

И ова трае и трае. И ајде што тој е од оние мажите од најлош ков, но зошто таа се мачи себеси? Колку пати треба да биде разочарана за да сфати дека од работите кои не функционираат едноставно е подобро само да ги кренеме рацете?

Ме боли што ја гледам таква. Постојано растревожена од него, постојано во неизвесност, постојано со сите своите планови ставени на чекање за сметка на него и на тоа да му посвети време дури и тогаш кога ќе му текне дека во 2 часот по полноќ таа е должна да излезе од дома за да се види со него.

Премногу време вложува во однос кој не води никаде. Се гази себеси во име на еднонасочната љубов. Не е свесна дека во животот најважно е да се сакаме прво себеси, а потоа другите. Не е свесна дека луѓето сакаат луѓе со гордост и достоинство. Никому не му е предизвик личност што не си е важната самата на себе.

Постојано ја оплакува својата судбина и кука како да ги промени работите, а не презема ништо и само се измачува. Господинот си продолжува со својата практика.

Само сакам да ги засукам ракавите и да ја извлечам од оваа бездна. Сакам да ѝ ги отворам очите дека постојат мажи кои со неа не би ги делеле само ноќите, туку и утрата, и дека со гордост би шетале рака под рака со неа. Да ја потсетам дека со сила убавина не бива и дека тој маж не е доволно вреден за да го има нејзиното срце.

Само сакам да биде среќна и не ми е јасно зошто и таа самата не го сака истото?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg