„Ако ми правиш пресметки на маса за 200 денари, не си за во кафеана“ – делење на сметка – да или не?

Инспирирана од твит кој тврди дека не си човек за во кафеана ако на крајот од вечерта ја земеш сметката и го пресметаш и платиш само својот изеден и испиен дел, решив да направам мала анализа за овој феномен, особено во време на претпразнична еуфорија, кога локалите се преполни.

Delenje-na-smetka-vo-kafeana-da-ili-ne-01.jpg

Да, на прв поглед ти не си идеално друштво за во кафеана. Што зборува ова за тебе како човек? Одбиваш да платиш еднаков дел од сметката како и сите други.

Ја грабаш прв сметката од келнерот и пресметуваш на телефонот колку си изел и испил, и оставаш точно пари до последното денарче. Отстрана изгледаш по помалку смешно и неверојатно.

Како да не можеш да се опуштиш, изгледаш будалесто, личиш на скржавец. Некои те задеваат, други ти викаат дека нема повеќе да стапнеш во кафеана со нив, трети ти се смеат.

Но, вистината е дека ретко знаеме кој колку има во џебот и што мора да жртвува за да дојде на таа прослава со друштвото.

Да ја анализираме и страната зошто некои луѓе одбиваат да се дели сметката на еднакви „кафеански“ делови.

Некои луѓе не пијат воопшто алкохол. Тоа е нивна одлука и не можеме да ја спориме.

Дали е фер, за некој што пиел цела вечер вода или сокче, да дели сметка на еднакви делови со некој што испил 10 скапи пијалаци?

Која е најголемата причина поради која луѓето се иритираат кога се дели сметката? Едноставно е, секогаш има некој „паметен“ во групата што ваквите излегувања ги гледа како можност нешто да „ќари“.

Во реалниот живот никогаш нема да порача толку скапо вино или некој деликатесен специјалитет.

Во ваква пригода тој ќе се истакне со порачување на најскапите работи од менито, само затоа што знае дека подоцна сметката ќе се подели меѓу сите. Е, не може така другари.

Да, секогаш ќе ги има скржавите коишто го мерат секое денарче што ќе го остават на масата. И тие не се добри луѓе.

И секогаш ќе ги има оние кои се обидуваат да ги надмудрат другите со порачување на скапи нешта, само за да искористат малку повеќе, па дури и да си порачаат нешто и за носење дома. И овие не се добри луѓе.

И баш затоа, навистина треба да ги бирате луѓето со кои одите во кафеана. Некои кои ви ја знаат ситуацијата и вие ја знаете нивната.

Некои кои нема да се обидуваат да ве надмудрат со порачките. Некои со кои ги делите истите вредности на вистинско, искрено другарство.

И само тогаш, нема да има ама баш никакво проблем за делење на сметката.

Каков е вашиот став за делење на сметка?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава