Направете сами: Креативни табли-потсетници

Наместо да ги купувате вообичаените, пластични или дрвени табли-потсетници, на лесен начин искористете ги старите предмети и направете си ваши уникатни и интересни табли со кои ќе го освежите изгледот на вашата соба, канцеларија или работна маса.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-01

1. Вашите стари искинати фармерки може да ги искористите и за друга интересна намена. Земете дрвена штица која ќе ја обложите со тексас материјал, а потоа ќе ги зашиете џепчињата кои претходно ќе ги извадите од вашите стари фармерки или доколку имате панталони во боја, може  да ви биде пошарена таблата. Во нив може да ставате сè што немате каде, а ви е потребно во некои моменти.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-02

2. Стариот хулахоп искористете го како интересен додаток во вашата соба. Играјте си со разнобојни плетила или конци кои ќе ги изврзете низ неговата средина и ќе го претворите во нешто корисно кое ќе ви служи и како потсетник, на кој ќе прикачувате ливчиња-потсетници, слики и сè она што вас ви е интересно.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-03

3. Стари или нови рамки за слики кои не сакате да ги искористите за да ставите некоја фотографија, може да им најдете уште една интересна намена. Наместо слика ставете бел лист или некој лист  во боја, зависно од тоа како се вклопува со вашиот ентериер. На стаклото од надворешната рамка, со маркер кој се брише, може секојдневно да си ги запишувате работите коишто треба да ги направите во текот денот. Ќе ви биде забавно да се посетувате, а вашата работна маса ќе биде уникатна.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-04

4. Разубавете ги старите послужавници и искористете ги и надвор од кујната. Особено практични би биле металните кои, ако сакате можете и да ги обоите, а на нив да ставите најразлични магнети со кои ќе ги прикачувате оние работи или фотографии кои ви се значајни како потсетници или убави спомени.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-05

5. Ако имате стара дрвена вратничка на која не знаете што да и правите, еве уште една идеја: може, но и не мора, да ја обоите, потоа заковајте ѝ дрвени штипки со кои ќе ги прикачувате вашите потсетници.

napravete-sami-kreativni-tabli-potsetnici-06

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...

Најчитани неделава