Изобилство на празен простор и светлина: Што ги прави уникатни и пријатни домовите на Јапонците?

Јапонските домови се разликуваат многу од оние на западот, а се карактеризираат по едноставност, лаконизам и нагласен аскетизам.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-shto-gi-pravi-unikatni-i-prijatni-domovite-na-japoncite-01.jpg

Нема ништо излишно, секој предмет си има свое јасно мести и сè заедно има длабоко симболично значење.

Погледнете кои се основните принципи и карактеристики на јапонските домови, што ги прават толку уникатни:

Изобилство на празен простор

Јапонците немаат навика да ги полнат домовите со вишок мебел и дрангулии кои не им се потребни.

За да биде идеално, дневната соба треба да има само „татами“ – душеци направени од трска и оризова слама и со нив е покриен подот.

Тие всушност се користат и како мерка за мерење на просторот – традиционална соба има 6 татами.

Други работи кои може да бидат вклучени во домаќинството се мала масичка со перници за седење, фиоки и футони – душеци полнети со памук кои се користат наместо кревет.

Па така, освен што минимализмот дава ефект на поголем простор, друг бонус е тоа што кога има малку работи не се собира многу прашина, па е полесно за чистење.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-karakteristiki-shto-gi-pravat-unikatni-domovite-na-japoncite-02.jpg

Разновидност

Во традиционалните јапонски домови, нема внатрешни ѕидови во вообичаена употреба. Наместо тоа, тие користат лесни лизгачки делови кои се користат како граничници, а се направени од дрво или бамбус.

Тие лесно се преместуваат, па така Јапонците можат лесно да го променат изгледот на домот, да направат неколку соби од една, а заради минималниот мебел и лесното пренесување, собата често може преку ден да биде дневна соба, а навечер да се направи спална.

Во големите куќи пак, бањата и тоалетот се по правило одделени – во едната просторија има тоалетна школка и туш кабина, а втората просторија е традиционална бања.

Причината е заради тоа што тие во туш кабината ја чистат нечистотијата, а во бањата се релаксираат подолго време под топла вода.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-karakteristiki-shto-gi-pravat-unikatni-domovite-na-japoncite-03.jpg

Блискост со природата

Неопходен дел во јапонските домови е градината. За да уживате во неа, доволно е само да се отворат лизгачките врати, а кога времето е добро тие се постојано отворени.

Тие се зближуваат со природата и преку користење природни материјали како дрво, бамбус или памук.

Тие се користат во изградбата на домовите бидејќи се поевтини и попристапни за разлика од железото и каменот.

Но, исто така, заради многуте земјотреси кои се случуваат во Јапонија, многу им е полесно да изградат одново таква лесна природна куќа после катастрофа, отколку камена.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-karakteristiki-shto-gi-pravat-unikatni-domovite-na-japoncite-04.jpg

Изобилство на светлина

Друга карактеристика во јапонскиот ентериер е изобилството на пригушена светлина која продира низ домот преку надворешните ѕидови кои се направени од проѕирен материјал и нежно се распространува заради формата во вид на решетки.

Сличен ефект имаат и ламбите направени од бамбус или оризова хартија.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-karakteristiki-shto-gi-pravat-unikatni-domovite-na-japoncite-05.jpg

Минимализам

 Главната работа во домот  на Јапонците не е екстерната убавина, туку удобноста и смиреноста на оние кои живеат во него.

Нема силни бои и премногу дрангулии како во повеќето наши домови. Мебелот е сведен на минимално и она што е неопходно, а тие неколку декорации кои ги имаат и ги смируваат се ставаат на едно место.

izobilstvo-na-prazen-prostor-i-svetlina-karakteristiki-shto-gi-pravat-unikatni-domovite-na-japoncite-06.jpg

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава