Религиозна, сексуална, политичка определба, вашите финансии - 10 објаснувања кои не ги должите никому

И да сте најдобри, најфини и најсовршени на светот, луѓето повторно ќе ви најдат мана и никогаш нема да се задоволни. Впрочем, зошто пак тие би биле засегнати и (не)задоволни од вашиот сопствен живот?

10-objasnuvanja-koi-ne-gi-dolzite-nikomu-01.jpg

Не треба да чувствувате потреба да се правдате или објаснувате некому за работи кои се однесуваат исклучиво на вас.

Ова се 10 објаснувања поврзани за секој од вас кои не ги должите никому:

Верската и политичката определба

Вие сте тие кои одлучувате дали и колку информации сакате да споделите со другите во однос на овие две чувствителни и сериозни теми. Најважно е да се чувствувате удобно со сопствениот избор и одлука, а не да се објаснувате зошто сте христијанин, муслиман, будист или пак за кого (ќе) гласате на изборите.

Љубовниот статус и сексуалната определба

Вашиот приватен живот си е ваш и не треба да го интересира никого друг, освен вашиот партнер со кого го делите. Исто така, нема потреба да се објаснувате зошто сте сами, зошто сте во врска, зошто сте хетеро или хомосексуалец.

Насмеаното и ведро однесување

Никој нема право да ве осудува само затоа што вие сте расположени и се обидувате да си го одржите енергијата на позитивно ниво. Не срамете се, напротив, бидете горди на својата насмевка, бидејќи и вие не ги осудувате оние кои постојано се намуртени и лошо расположени.

Несогласувањата околу некој став

Не можеме сите да мислиме, да чувствуваме и да реагираме исто. Доколку не ви е жал за некоја ваша постапка, навистина нема потреба од оправдувања и изговори. Исто така, доколку не се согласувате со нечие мислење, во ред е да го покажете, но секако, останете коректни.

Животните цели

Без разлика дали се работи за професионалниот или приватниот живот, навистина никому не му должите објаснување за своите цели и соништа. Што и да сте замислиле, остварете го, без да дозволите некој да ви застане на патот.

Сопствениот изглед

Сте ја смениле бојата на косата, сте направиле тетоважа, сте се нашминкале или сте излегле без грам шминка… сакате да вежбате 5 пати неделно или не сакате да се мрднете од креветот после работа? Доколку се чувствувате удобно во сопствената кожа и со својот изглед, никој не треба да ви соли памет што е правилно, а што погрешно.

Местото на живеење

Никој не треба да биде осудуван поради животните околности и условите кои го диктираат местото на живеење. Каде и со кого живеете е ваша и само ваша работа и не треба да одговорите или да се правдате некому доколку не сакате.

Сопствената кариера

Само вие знаете колку макотрпно сте работеле на професионалниот развој и колку жртви сте направиле да стигнете онаму каде што сте. Дали некој мисли дека тоа е погрешно или правилно, сепак си е негов проблем, не ваш.

Финансиската ситуација

Вие и само вие треба да си имате увид во вашето банковно салдо. Не должите никому објаснувања на оваа тема, па дури ниту на партнерот. Ваша е одлуката дали сакате да ја споделите својата финансиска ситуација со некого или ќе си ја зачувате само за себе.

Начинот на одгледување деца

Ниту еден родител не користи идентична техника на одгледување на своите деца. Ваше е како ќе решите да ги израснете своите деца. На крајот од денот, вие сте тие кои ќе треба да живеат со своите грешки и успеси кои се однесуваат на оваа работа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава