Дали е сексот омилена активност?

По сумирање на резултатите, се покажало дека сексот е навистина најомилената активност на луѓето!

dali-e-seksot-omilena-aktivnost

Психолозите од новозеландскиот Универзитет Кантебури, спровеле истражување со кое сакале да откријат колку им е важен сексот на луѓето во однос на другите работи во животот.

Резултатите ги изненадиле сите – сексот како активност им е поважен на луѓето од, на пример, забава со алкохол, па дури и од дружењето со сопствените деца!

Научниците ги следеле дневните случувања во животот на испитаниците, а секој испитаник морал да оцени колку која активност го задоволува и исполнува. Своите извештаи испитаниците ги испраќале со СМС пораки.

Испитаниците оценувале 30 активности – од грижа за децата, до видео игри, а тоа го правеле врз основа на низа критериуми во кои главна задача била да се одреди степенот на задоволството за одредена активност.

По собраните резултати, се покажало дека на испитаниците најдрага активност им е сексот. Потоа следат добри забави кои вклучуваат алкохол, па и квалитетно поминато време со децата.

Како што тврдат стручњаците, не треба да се приговара на резултатите, на пример, зошто децата не се на врвот од приоритетната листа. Рамките на оценувањето биле поинакви и секако, на луѓето најважни им се децата.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg