Како да закрепнете од љубовното разочарување?

Скршеното срце и разочарувањето по раскинувањето може да остават длабока трага и тешко се забораваат. Луѓето често, по такво искуство, се повлекуваат во себе и тешко им е повторно да се врзат со некого.

kako-da-zakrepnete-od-ljubovnoto-razocaruvanje

Но, тоа е погрешно, не треба да подигнете ѕид околу себе, дозволете си повторно да се вљубите, но бидете внимателни.

При тоа не се мисли дека треба да бидете емоционално затворени, туку внимателно да одберете кого ќе го пуштите во вашиот свет.

Еве неколку совети како да избегнете скршено срце и потполно да уживате во новата врска:

1. Прво морате да бидете целосно подготвени за нова врска, емоционално и ментално. Дури кога ќе бидете задоволни со себе, својот живот и го најдете она што ве исполнува и ве радува можете да воспоставите квалитетна врска и со друга личност.

2. Разрешете ги и заборавете на проблемите од минатите врски, немојте да ги пренесувате во новата. Немојте да барате исполнување преку другите, па и разочарувањето поради неуспех во врската ќе биде помало.

3. Добро одберете со кого ќе ги споделите моментите од својот живот. Кога ќе запознаете некоја нова личност, внимателно слушајте и набљудувајте, делата зборуваат повеќе од зборовите, особено кога се поклопуваат.

4. Заљубеноста не е изговор, а стравот дека повторно ќе останете сами уште помалку. Стандардите до кои се придржувате (емоционални и карактерни) барајте ги и кај партнерот. Ако забележите негативно однесување, немојте да очекувате промена и да барате изговори, едноставно одете понатаму.

5. Немојте да се занесувате на самиот почеток од врската. Секако, не треба ниту да бидете студени и да очекувате неуспех, но здравата доза на внимание не е на одмет. Бидете свесни за фактот дека некои врски едноставно не успеваат, а за тоа никој не е виновен.

Значи во процесот на наоѓање на нов партнер не треба да се губи главата, капката рационалност во морето на чувства, секогаш е добредојдена!

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg