Бермуди од чипка – за мажи?! (фото)

Пастелни и проѕирни, најновите машки бермуди се изработени од тантела,а предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.

bermudi-od-chipka-za-mazhi-foto-1.jpg

Во последно време, на мажите навистина не им е лесно, барем кога се модните трендови во прашање. A, по сѐ изгледа, дизајнерите за машка мода и сѐ повеќе позајмуваат инспирација од женскиот гардеробер.

Ако може да се суди по последниот контроверзен изум, веројатно припадниците на посилниот пол ги очекува чипкаста и проѕирна сезона.

Имено, додека импресиите од кратките комбинезони за мажи ни се сѐ уште свежи, пристигна нов шокантен модел што претендира комплетно да им ја преземе „славата“.

bermudi-od-chipka-za-mazhi-foto-2.jpg

Станува збор за проѕирните и чипкасти панталончиња во пастелна палета на бои, а кои претставуваат модна креација на брендот „Hologram City“ од Лос Анџелес.

Покрај бермудите, достапни се и кошули од истиот материјал, па може да се искомбинираат, а цената на двата производа изнесува по 49 долари за парче.

bermudi-od-chipka-za-mazhi-foto-3.jpg

Секако, интернет корисниците не останаа имуни на трендот, па веднаш изреагираа и го исмеаа, но сигурни сме дека ниту овој производ нема да остане без свои купувачи.

bermudi-od-chipka-za-mazhi-foto-4.jpg

А, дали и колку добро изгледаат чипканите бермуди на мажи - проценете сами!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Ивана од Скопје има стил инспириран од француската мода - чисти линии, пруги, пастелни бои и класика... „Едноставноста ми е секогаш водилка, но со неа сакам детали што носат карактер. ...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
8 модни парчиња за тренди есенски комбинации Краток мантил наместо долг, кошула на риги, но и бермуди во комбинација со хулах...

Најчитани неделава