Совети за родителите - Како се лекуваат вирусните инфекции?

Секој родител постојано зборува за детскиот имунитет и отпорноста на болести. Но понекогаш, родителите не се свесни дека тие влијаат врз слабеењето на детскиот имунитет.

soveti-za-roditelite-kako-se-lekuvaat-virusnite-infekcii-01.jpg

Децата, исто како и сите, најчесто се разболуваат поради дејството на двата „главни“ микроби – бактерии и вируси. Проблемот е што овие микроби, предизвикуваат болести со многу слични симптоми.

Бактерии и вируси

Бактериите се насекаде околу нас. Тие се едноклеточни организми кои обично не се штетни, а можат да бидат и навистина корисни.

Некои бактерии, пак, се штетни за нас и кога почнуваат да се размножуваат во човечкото тело, предизвикуваат разни болести.

soveti-za-roditelite-kako-se-lekuvaat-virusnite-infekcii-02.jpg

Вирусите, од друга страна, не се живи. Тие растат и се размножуваат само кога напаѓаат живи организми.

Обично, детскиот имунитет се справува со вирусите пред тие да предизвикаат некоја болест.

Но некои вируси, како обичната настинка, не можат да се сопрат. Тие си имаат свое траење, а антибиотиците не делуваат врз нив.

Сепак, европското истражување за користење антибиотици покажува дека 80% од сите антибиотици, се препишуваат за лекување инфекции на горните дишни патишта.

Проблемот е што е познато дека 85% од овие инфекции, се предизвикани од вируси, а не бактерии.

soveti-za-roditelite-kako-se-lekuvaat-virusnite-infekcii-03.jpg

Зошто се препишуваат антибиотици?

Кога лекарите не се сигурни дали станува збор за вирусна или бактериска инфекција, тие препишуваат антибиотици. Ова е додека не ги добиваат резултатите од анализата на крв.

Понекогаш се случува и пациентите самите да бараат рецепт за антибиотик. Земањето антибиотици на своја рака, веднаш штом ќе се покачи телесната температура, е исто честа појава.

Едно тригодишно истражување покажало дека дури 50% од препишувањето антибиотици не е засновано на докази. Односно, не се направени потребните анализи кои ќе покажат дека станува збор за бактериска инфекција.

Имунитет

За детето да се заштити од болести, органите и клетките делуваат заедно. Белите крвни зрнcа, познати и како леукоцити, имаат важна улога во имунитетот.

Едно истражување од 2017-та година, покажало дека прекумерната и неправилната употреба на антибиотици може дури и да го ослаби имунитетот.

Истовремено, некои бели крвни зрнца, кога се под дејство на антибиотици, не можат да ја искористат нивната „одбрана“.

soveti-za-roditelite-kako-se-lekuvaat-virusnite-infekcii-04.jpg

Лекување вирусни инфекции

Вирусните инфекции, како настинка и грип, се лекуваат со мирување, пиење многу течности и останување во домот. На овој начин, имунитетот сaм ќе се избори со вирусот.

Препорака на педијатрите е родителите да престанат да се обидуваат да ја спуштат температурата на детето по секоја цена. Причината е што покачената телесна температура, е всушност показател дека имунитетот се бори против вирусот.

Односно, кога детето има температура, целиот организам е активен и се обидува да се ослободи од вирусот.

Лекарите во Европа советуваат дека температурата не треба да се спушти сè додека не достигне 38,5 степени Целзиусови. Во Велика Британија, оваа граница е 39 степени.

Температурата не треба да се спушта ни со антибиотици.

Ако сепак сте загрижени, немојте самите да му давате лекови на детето, туку консултирајте се со педијатар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Те уморува борбата со детето за кои чевли да ги носи, диплењето облека и чистењето на дом, кој е пак... Никој не зборува за тешките делови од родителството. Сите изгледаат како да се с...
Гумените подлоги на игралишта во Финска заменети со кал – децата имаат зајакнат имунитет за само 1 г... Како би реагирале родителите кај нас ако меките подлоги на детските игралишта ка...
Српски педијатар открива – дали од сладолед може да ги заболи грло децата? „Ладниот сладолед не може да го воспали грлото на здраво дете. Тоа е потполно ја...

Најчитани неделава