5-те грешки кои најчесто ги правите при нанесување на пудрата

Клучот на совршена шминка е основата – т.е. пудрата, која мора да биде беспрекорно нанесена.

5-te-greski-koi-najcesto-gi-pravite-koga-nanesuvate-pudra-01

Без разлика дали е во прав, камена или течна, пудрата не е баш најлесниот производ за ненсување, а токму од тоа зависи дали ќе изгледате како божица или како да сте го фасадирале лицето.

Исто така, подеднакво важни се: квалитетот, текстурата и моќта на покривање.

Ова се најчестите грешки кои се прават при нанесување на пудра:

1. Погрешна нијанса

Многу жени купуваат пудри чија нијанса е еднаква со бојата на нивниот тен, па затоа не се задоволни со крајниот исход затоа што лицето им изгледа чудно. Важно е да одберете пудра во топли тонови т.е. со жолт или златен подтон – особено ако имате светол тен. Исто така, задолжително нанесете руменило за дополнителна свежина на лицето.


2. Премногу производи

Без разлика дали сакате да ја покриете пигментацијата, неправилностите или брчките, преголема количина на пудра нема да ви помогне, туку дополнително ќе ги нагласи проблемите. Наместо да се обидувате да ги покриете, користите прајмер и хајлајтер за неутрализирање на брчките, а коректор за прекривање на црвенилото.


3. Погрешна текстура

Без разлика на типот на пудрата, крајната цел треба да ви биде што е можно поприроден изглед. Жените кои имаат сува кожа треба да користат течни пудри затоа што оние во прав премногу ќе влезат во нивните пори и брчки. Од друга страна, оние со мрсна кожа не треба да користат течна пудра затоа што таа дава дополнително „мрсен“ изглед.


4. Предрасуди

Голем број жени мислат дека пудрата ќе ги остаре и дека ќе го нагласи она што сакаат да го скријат. Меѓутоа, изборот на вистинска пудра во голема мера може да ве подмлади, да ги скрие брчките и да ги намали проширените пори. Исто така, со користење на други производи за шминкање – руменило, бронзер, коректор... може дополнително да го подобрите изгледот.


5. Нанесување пудра на целото лице

Шминкерите препорачуваат ставање пудра само на одредени делови од лицето, а на други – пример на очите треба да ставате коректор и потоа со прстите да го поврзете со пудрата на остатокот од лицето. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...
Идеи за празничен маникир ако сакате да ја избегнете црвената боја Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година, сепак, тоа е бојат...

Најчитани неделава