Грешки во шминкањето кои ви ја уништуваат природната убавина

Козметичките производи се толку моќни што можат целосно да го трансформираат лицето на секоја жена.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-01.jpg

Со шминката може да се експериментира и да се добие посакуваниот изглед, а тоа ја зголемува самодовербата, но секако само ако се користи правилно.

Во спротивно, резултатот ќе биде катастрофален, па затоа е пожелно да не правите грешки при шминкањето, заради кои ќе изгледате смешно.

Погледнете кои се грешките во шминкањето кои целосно ја уништуваат природната убавина и треба да ги избегнувате:

Густо цртање на вегите и изразен агол кај носот

Претерано обоените веги со јасна линија прават горниот дел од лицето да изгледа натежнато и намуртено. Бојата нанесете ја само на средниот дел на вегите и на „опашката“, а кај носот речиси е непотребно да ставате боја.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-02.jpg

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-03.jpg

Исцртување на долниот капак

Понекогаш исцртувањето на долниот капак изгледа убаво, но постои начин како да биде правилно исцртан. Ставете малку бело моливче и речиси незабележлива темна тенка линија под трепките.

Не го бојте целото око со дебела линија, посебно не на долниот капак, бидејќи буквално ќе изгледате страшно.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-04.jpg

Бушави и прекршени трепки

Овој ужасен резултат се добива ако претерате со нанесување на маскара, ако ставате стара и сува маскара или ако не ја избришете шминката пред повторно да нанесете.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-05.jpg

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-06.jpg

Линии и контури

Грешка при контурирањето и шминкањето на образите е тоа што правите темна линија која многу се разликува од бојата на кожата под руменилото. Исто така, не треба истата линија да ја исцртате до самата уста.

Боите треба да се прелеваат, а не да изгледате како нацртани.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-07.jpg

Претерувате со пудра

Пудрата за многу жени е неопходен дел од шминката, но секако ако се користи умерено. Голема количина на пудра натрупана на лицето може да предизвика ужасен резултат.

Лицето треба да изгледа свежо и да сјае, а не да се познава густиот слој на пудра врз него.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-08.jpg

Премногу светли бои и светки

Светлите сенки во боја може да изгледаат убаво за на забава, но ако не сакате да изгледате вулгарно или смешно, кога ставате светкава или сенка во боја, останатиот дел од шминката нема биде едноставен и минимален.

Не треба цели да светкате.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-vi-ja-unishtuvaat-prirodnata-ubavina-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава