Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија?

Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, позната како слабокрвност, постојат намирници кои го спречуваат апсорбирањето на овој метал, па најдобро е да се избегнуваат.

koja-hrana-da-ja-jadete-a-koja-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-anemija-01.jpg

Анемијата, позната и како слабокрвност, е проблем карактеризиран со намален број здрави црвени крвни зрнца или хемоглобин.

Постојат многу видови анемија и секој е предизвикан од разни фактори. Анемијата може да биде краткотрајна или долготрајна, а некогаш може да биде и знак за посериозни здравствени проблеми.

Кои се симптомите на анемија?

Симптомите зависат од причината за појавата на анемијата, како и нејзината сериозност.

Во некои случаи, кога анемијата е слаба, можно е да не се јават никакви симптоми. Но, ако почнува да се влошува, ќе се појават и симптомите.

Некои од најчестите симптоми на анемија вклучуваат:

  • Замор
  • Слабост
  • Испрекинато дишење
  • Бледа или жолтеникава кожа
  • Неправилно чукање на срцето
  • Вртоглавица
  • Болки во градите
  • Студени дланки и стапала
  • Главоболки

koja-hrana-da-ja-jadete-a-koja-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-anemija-02.jpg

Кои се причините за појава на анемија?

Хемоглобинот или бројот на црвени крвни зрнца може да се намали во неколку случаи, вклучувајќи:

  • Самото тело не ги произведува доволно
  • Губење големо количество крв
  • Телото само ги уништува црвените крвни зрнца и хемоглобинот

Но, разните видови анемија можат да бидат предизвикани и од други фактори, како:

  • Недостаток на железо
  • Недостаток на одредени витамини како Б12
  • Анемија како резултат на воспаление или болест како рак и СИДА

koja-hrana-da-ja-jadete-a-koja-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-anemija-03.jpg

Што го зголемува ризикот од појава на анемија?

Постојат многу ризични фактори за појава на анемија, како:

  • Лоша исхрана
  • Проблеми со цревата
  • Многу обилни менструации
  • Бременост
  • Хронични болести
  • Семејна историја на анемија

koja-hrana-da-ja-jadete-a-koja-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-anemija-04.jpg

На следната страница која храна може да ви помогне да се справите со анемијата…



Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg