6 лоши навики што веднаш треба да ги промените – го зголемуваат ризикот од мозочен удар

Не го регулирате високиот крвен притисок, постојано седите или лежите и ги прескокнувате лекарските прегледи.

6-loshi-naviki-shto-vednash-treba-da-gi-promenite-go-zgolemuvaat-rizikot-od-mozochen-udar-01.jpg

Постојат разни фактори што го зголемуваат ризикот од мозочен удар.

Но, добрите вести се дека повеќето се во ваша контрола, па со промена на некои животни навики, можете значително да го намалите ризикот.

Шест работи што НЕ треба да ги правите за да го намалите ризикот од мозочен удар:

Да водите седентарен живот

Под седентарен живот се подразбира минимална физичка активност и минување најголем дел од времето во седење или лежење. И, ова негативно се одразува врз целокупното здравје.

Од друга страна, физичката активност го спречува затнувањето на крвните садови, со што значително се намалува ризикот од мозочен удар.

Ќе забележите разлика и со само 30-минутна физичка активност пет дена неделно. Притоа, не мора да одите во теретана, туку доволно е да одите на прошетка, да возите велосипед или да се занимавате со активности како јога.

Да го игнорирате високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок кој не се третира може да води до низа проблеми. Всушност, ова е една од најчестите причини за мозочен удар.

Затоа, редовно следете го притисокот и ако ви е покачен, консултирајте се со лекар и слушајте ги неговите препораки.

6-loshi-naviki-shto-vednash-treba-da-gi-promenite-go-zgolemuvaat-rizikot-od-mozochen-udar-02.jpg

Да ги прескокнувате проверките

Некогаш ризичните фактори не покажуваат симптоми. На пример, не можете да знаете дека имате висок холестерол ако не се проверите. А, високиот холестерол може да доведе до проблеми со здравјето, вклучително и мозочен удар.

Затоа, потрудете се барем еднаш годишно да направите детален преглед, па и почесто ако имате таква препорака од лекар. Не заборавајте дека секогаш е подобро да го спречите проблемот отколку потоа да го лекувате.

Да пиете многу алкохол

Сигурно сте свесни дека прекумерното пиење алкохол не е добро за вас – истражувањата покажале дека е поврзано со одредени видови рак, проблем со црниот дроб, па и мозочен удар.

Доколку од некоја причина лекарот ви препорачал и воопшто да не пиете, послушајте го.

6-loshi-naviki-shto-vednash-treba-da-gi-promenite-go-zgolemuvaat-rizikot-od-mozochen-udar-03.jpg

Да ја занемарувате здравата исхрана

Голем дел од проблемите со здравјето потекнуваат од неправилната исхрана. Ако често јадете мрсна храна или храна со многу шеќер и сол, самите си го зголемувате ризикот од мозочен удар.

Не мора да следите некоја диета за да бидете здрави, туку фокусирајте се на тоа да внесувате повеќе овошје и зеленчук, а помалку мрсна и многу преработена храна.

Да ги запоставувате третманите по мозочен удар

Ако еднаш сте доживеале мозочен удар, никако немојте да ги одбивате терапиите и третманите бидејќи драстично ќе си го зголемите ризикот за втор.

Исто така, воведете ги сите промени во животните навики што ви ги препорачал лекарот.

6-loshi-naviki-shto-vednash-treba-da-gi-promenite-go-zgolemuvaat-rizikot-od-mozochen-udar-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg