„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни
Секој ден ја миете косата
Секојдневното миење на косата не е препорачливо бидејќи вака ги отстранувате природните масла кои сепак се потребни.
Поради ова, скалпот може да почне да лачи повеќе масла, па косата да ви се мрси побрзо.
Идеално е да ја миете косата еднаш-двапати неделно. Ако, пак, имате многу мрсна коса, побарајте соодветни продукти наместо да ја миете секој ден.
Ги миете забите веднаш после оброк
Редовно миење заби е неопходно за да ги зачувате, но избегнувајте да ги миете веднаш после оброк.
Одредени намирници, особено оние со поголема киселост, можат да го ослабат емајлот на забите.
П,а ако ги измиете забите веднаш, уште повеќе ја втривате оваа киселина на забите.
Најдобро е да почекате 30-тина минути – ова е доволно време за плунката да ги неутрализира киселините.
Многу често правите пилинг
Пилингот ги отстранува мртвите кожни клетки и може да ја подобри состојбата на кожата.
Но, ако го правите многу често, го оштетувате најгорниот слој на кожата, па може да се соочите со сувост, иритации и слично.
Доволно е да правите пилинг еднаш неделно.
Кивате во дланката
Секако, треба да ја покриете устата кога кивате, но немојте да ја користите дланката.
Ако кивнете во дланката, сите бактерии ќе завршат на неа, па потоа ќе ги разнесете на други површини, па и други луѓе ако допрете некој.
Затоа, многу подобро е да кивнете во лактот.
Спирова С. | Црнобело
