„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни
Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да почекате половина час.

Хигиенските навики се нешто што го стекнуваме уште во детството.
Па, за навиките што ги имаме уште од мали, доста често не размислуваме дали се навистина корисни или, пак, можеби ни штетат.
Неколку хигиенски навики кои се всушност штетни:
Ги чистите ушите со стапчиња за чистење
Иако се продукт што го користат скоро сите, експертите препорачуваат да не ги чистите ушите со стапчиња.
Важно е да ја чистите ушната школка, но не треба да го пикате стапчето во ушниот канал бидејќи си го зголемувате ризикот од инфекција.
Не треба целосно да го отстранувате восокот од ушниот канал бидејќи тој има заштитна улога. Притоа, додека се туширате, ушниот канал се чисти доволно.
Ако сакате да користите стапчиња, користете ги само за ушната школка, но можете да ја исчистите и со обична крпа.
Користите средство за дезинфекција
Средствата за дезинфекција се идеални кога немате пристап до вода и сапун.
Но, тие не можат да го заменат миењето со вода.
Покрај тоа, тие содржат поагресивни состојки, па ако ги користите многу често, можат да ја оштетат кожата на дланките.
Користите сушач за раце
Сушачите за раце, кои се како фен, ги има во многу јавни тоалети.
Но, не е препорачливо да ги користите бидејќи разнесуваат многу бактерии, што значи залудно сте ги измиле рацете.
Во јавен тоалет, похигиенски е да ги избришете рацете со хартиен бришач или тоалетна хартија.
Минувате многу време под туш
Секако, туширањето е неопходно, но избегнувајте да минувате многу време под туш, особено со многу жешка вода.
Долгото туширање ги отстранува природните масла кои служат како заштита на кожата. Притоа, многу жешката вода може да ја исуши кожата.
