Неколку плажи во Шпанија се затворени поради бактерија што „јаде месо“: Колку е опасна за луѓето?

Некои видови од бактеријата вибрион може да предизвикаат сериозни инфекции, а во многу ретки случаи и инфекција што го уништува мекото ткиво. Неколку плажи во Шпанија се привремено затворени, а експертите велат дека присуството на бактеријата е резултат на загадувањето и климатските промени.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-01.jpg

Веќе ги чувствуваме последиците од загадувањето на планетата и климатските промени, а сега се појави и нов проблем на Медитеранот, особено во Шпанија.

Летово веќе неколку плажи во Шпанија биле привремено затворени или ограничени бидејќи во водата е забележано присуство на бактерија од родот вибрион (Vibrio).

Ова се бактерии кои живеат во вода – некои видови во слатка, а некои во солена. Постојат дваесетина видови од овој род, а едниот од нив е и Vibrio cholerae – бактеријата одговорна за болеста колера.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-04.JPG

Уште сега да нагласиме дека бактеријата што периодов е забележана во водите на Медитеранот не предизвикува колера, но сепак може да претставува опасност за луѓето.

Според климатските експерти, појавата на бактеријата се должи на зголемените температури.

„Сега Медитеранот ни покажува што значи кога температурите во светот ќе се зголемат (над просекот).

Државите што го делат ова море сепак можат да најдат решение“, вели за Euronews климатски експерт.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-05.JPG

Бактериите од родот вибрион обично живеат во соленкаста (мешана) вода, особено во области каде што реките се влеваат во морињата.

Можат да се најдат во морска храна, а некои варијанти можат да предизвикаат симптоми кај луѓето доколку консумираат храна загадена со бактеријата.

Во Европа се забележани неколку видови на бактериите вибрион, од кои најистакнати се Vibrio vulnificus и Vibrio parahaemolyticus. Забележани се и неколку соеви на Vibrio cholerae (бактеријата што предизвикува колера).

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-07.JPG

Видовите кои се опасни за луѓето можат да предизвикаат проблеми доколку се консумираат (преку живо заразено месо) и ако морската вода дојде во контакт со отворена рана.

„Вибрион е близок роднина на бактеријата што предизвикува колера, но двата микроорганизми водат до многу различни болести.

Во сериозни (и поретки) случаи, инфекцијата може да предизвика некротизирачки фасцитис – ретка и опасна состојба при која ткивото околу раната се уништува.

Бактеријата може да навлезе во крвотокот, да предизвика сепса, а во некои случаи на пациентите им треба ампутација на зафатениот екстремитет“, споделува експерт за Euronews.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-06.JPG

Поради ова, вибрион некогаш е нарекувана и „бактерија што јаде месо“.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести веќе предупреди за зголемениот ризик од зарази со вибрион во текот на летото, особено за време на топлотни бранови.

Периодов Европа се соочува со топлотен бран и натпросечно високи температури, што придонело за развојот на бактериите.

Нивната појава, како што велат експертите, не е само здравствена криза, туку и еколошка бидејќи овие бактерии виреат во средина каде што е нарушена природната рамнотежа на морскиот екосистем.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-03.JPG

Експертите сметаат дека Медитеранот е еден од регионите кои се најранливи пред климатските промени, па нив не ги изненадува појавата на бактериите.

Зголемената температура на водата, заедно со загадувањето и помалата концентрација на сол на крајбрежјето создаваат совршена околина за патогени како вибрион.

nekolku-plazhi-vo-shpanija-se-zatvoreni-poradi-bakterija-shto-jade-meso-kolku-e-opasna-za-lugjeto-02.JPG

Експертите очекуваат и дека присуството на бактеријата да се зголеми во морската храна не само во Европа, туку во целиот свет, повторно поради климатските промени.

Генерално, инфекциите со вибрион се многу ретки и за повеќето луѓе ризикот е многу мал. Но, ако одите во Шпанија и видите забрана за бањање на некоја плажа, почитувајте ја за ваше добро.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава