10 ситуации кога ноќното потење е знак за проблем (а не е поради топлото време)
Дебелина, недијагностициран дијабетес, но и нова терапија со лекови како антидепресиви или лекови за треска – некогаш ноќното потење не е предизвикано од високите температури.

Ако во лето спиете без клима или вентилатор, а е многу топло, нормално е во текот на ноќта да се испотите.
Ноќното потење е нормално и в зима ако спиете во многу топла просторија со дебело ќебе.
Сепак, во некои ситуации, ноќното потење нема никаква врска со температурата и всушност е знак за проблем со здравјето или некоја медицинска состојба.
Десет ситуации кога ноќното потење не е поради топлото време:
Дијабетес
Ако имате дијабетес, навечер можно е да се потите повеќе.
Хипогликемија која е резултат на дијабетесот предизвикува ноќно потење, а истото важи и за одредени лекови за дијабетес, како инсулин.
Дебелина
Прекумерната тежина исто така може да предизвика ноќно потење.
Вишокот килограми го отежнуваат регулирањето на температурата на телото, а ова може да води до почесто потење, особено навечер.
Дебелината е поврзана и со состојби како апнеја кои исто така се причина за ноќно потење.
Откажување од цигари
Со откажувањето на цигарите си правите добро за здравјето, но сепак треба да бидете свесни дека има период на адаптација во кој ќе почувствувате разни симптоми.
Никотинот во цигарите се стимуланс кој има влијание врз централниот нервен систем. Па, кога ќе престанете да го добивате, извесен период може да се соочите со симптоми на повлекување, како ноќно потење.
Нови лекови
Ако ноќното потење почнало откако сте почнале со нова терапија, сосема возможно е тоа да е причината.
Некои лекови, особено антидепресиви, хормонални терапии и лекови за треска можат да предизвикаат ноќно потење.
Рак
Во поретки случаи, ноќното потење може да биде ран знак за некои видови рак како леукемија.
Ако потењето трае многу долго и е толку интензивно што морате и да ја смените постелнината, а притоа забележувате и други симптоми, тогаш е добро да се консултирате со лекар.
Менопаузата
Менопаузата е одговорна за бројни непријатни симптоми, а ноќното потење е еден од нив.
Ова се случува поради промената на нивото на естроген во организмот.
Инфекција
Бактериските инфекции исто така може да предизвикаат ноќно потење, додека телото се обидува да се справи со заразата.
Покрај пневмонијата и бронхитот, ноќно потење може да предизвика и заразата со коронавирус и туберкулоза (која за среќа е реткост кај нас).
Анксиозност
Проблемите со психичкото здравје неретко покажуваат и физички симптоми.
Анксиозноста е познато дека може да предизвика ноќно потење бидејќи интензивниот стрес го зголемува нивото на адреналин.
Проблеми со тироидната жлезда
Тироидната жлезда е задолжена за регулирање на хормоните, па кога има проблем со неа, може да го наруши регулирањето на температурата на телото.
Ако имате зголемена активност на тироидната жлезда, метаболизмот може да забрза, а со тоа да се зголеми температурата на телото и да дојде до прекумерно потење.
Труење со жива
Труењето со жива е реткост, но добро е да бидете свесни за симптомите, особено ако мислите дека некој бил изложен на ризик.
Во многу ретки случаи, причина за ноќното потење е труење со жива.
Спирова С. | Црнобело