Намалете го стресот веднаш: Десет научно докажани начини да се смирите за 5 минути

Без оглед на тоа дали е во прашање некој проблем на работното место, недоразбирање со пријателите или нешто поврзано со семејството, секој понекогаш се чувствува под стрес.

namalete-go-stresot-vednas-deset-naucno-dokazani-nacinni-da-se-smirite-za-5-minuti-01

Во тие моменти ви е потребно брзо да се смирите за да може соодветно да реагирате и да не си наштетите.

1. Вдишете длабоко

Кога ќе вдишете длабоко нивото на хормонот кортизол докажано е дека се намалува, а тоа помага да се ослободите од стресот и вознемиреноста. Студиите советуваат дека длабокото дишење може и повремено да го намали крвниот притисок.

2. Напрскајте некој пријатен мирис

Ароматерапијата е добар начин за ослободување од стресот. Одредени ароми како лаванда, иланг-иланг, секогаш се покажуваат успешно при намалувањето на стресот.

3. Слушајте музика

Истражувачите покажуваат различни начини на кои музиката помага во ослободувањето од стресот, а со тоа претставува природен регулатор на стрес во организмот, а некои терапевти ја користат и за лечење на стресот во медицински процедури.

4. Смејте се

Смеата може да ги намали физичките последици од стресот како и заморот на телото.

5. Напијте се чај

Една студија открила дека црниот чај ја намалува количината на хормонот кортизол во телото после стресот и дава чувство на опуштеност.

namalete-go-stresot-vednas-deset-naucno-dokazani-nacinni-da-se-smirite-za-5-minuti-1

6. Вежбајте

Напливот на ендорфин после вежбање е еден од начините за брзо да се ослободите од стресот.

7. Џвакајте мастика

Џвакањето мастика може да ја намали количината на кортизол во телото и да помогне во намалувањето на стресот.

8. Одете на масажа

Масажата не служи само за ослободување од физичката болка, туку може и многу да допринесе за подобрување и ослободување на вашата психа.

9. Прегрнете некого

Прегратката секогаш е добар начин за смирување и намалување на крвниот притисок кај возрасните. Доволно е да прегрнете некоја драга личност и да ви помине сета нервоза.

10. Зборувајте за сексот

Студиите покажуваат дека сексот всушност ги намалува физичките симптоми на стрес и го намалува крвниот притисок.

namalete-go-stresot-vednas-deset-naucno-dokazani-nacinni-da-se-smirite-za-5-minuti-2

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg