5 чудни причини поради кои сте уморни: Мобилниот телефон држете го подалеку од вас

Стресот и преокупираноста со многуте обврски, како работни, така и домашни не се единствените виновници за вашата безволност и чувство на исцрпеност.

5-cudni-pricini-poradi-koi-ste-umorni-mobilniot-telefon-drzete-go-podaleku-od-vas-01

Дознајте некои секојдневни работи кои се причини за ваквата состојба:

1. Дехидрација

Дури и умерената дехидрација, додека сè уште не чувствувате жед, може да направи да се чувствувате ментално збунето и да имате недостаток на концентрација. Следниот пат кога ќе почувствувате поспаност и замор, обидете се  да го надминете со една до две чаши вода.

2. Мобилниот телефон

Според некои истражувања електричните уреди во близина на главата може да ви го нарушат сонот и да влијаат на лачењето на хормонот мелатонин кој е заслужен за добар сон и одмор.

3. Лекови

Многу од лекарствата имаат свои несакани дејства. Поради некои лекови може да почнете да се чувствувате поспано и исцрпено.

4. Прејадување

Прејадувањето, посебно без физичка активност ве прави само поуморни.

5. Недостаток на железо

Овој минерал е заслужен за транспорт на кислородот низ целото тело , па доколку го немате доволно во својот организам, може да се чувствувате уморно и безволно.

5-cudni-pricini-poradi-koi-ste-umorni-mobilniot-telefon-drzete-go-podaleku-od-vas-1

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg