Дали сте биполарна личност?
21 век е век на болестите и депресијата што се резултат на различни ментални растројства. Биполарноста е една од најпопуларните болести кои особено младите личности си ја препишуваат сами.

Биполарноста е психијатриска состојба која се состои од две фази – манија и депресија.
Манијата означува хиперактивност и чувство на семоќност, а депресијата веќе ви е добро позната. Биполарноста ја откриваат овие неколку симптоми кои доколку ги забележувате во вашето секојдневие, добро би било да се консултирате со психијатар.
Имате чести промени во расположението
На моменти сте среќни и друштвени, а на моменти се чувствувате како најосамената личност во светот, се самосожалувате и имате негативна перспектива кон нештата. Тоа се промени низ кои поминува секој човек, но дали е во ред истите да ви се случуваат секој ден, повеќе пати?
Два дена мислите дека сте господар на светот
Освен што промените во расположението може да бидат чести, исто така може да се одразуваат преку два дена. Што значи тоа?
Докажано е дека биполарните личности два дена се екстремно среќни, а третиот ден паѓаат во тешка депресија. Всушност се работи за манија која трае 48 часа, и е проследена со депресија која може да има лоши последици.
Си нанесувате психичка и физичка болка
Едни од тие лоши последици во втората фаза од биполарноста се психичката и физичката болка.
Личностите кои патат од ова ментално растројство најчесто психичката, душевна болка предизвикана од депресијата ја изразуваат со самоповредување од типот на сечење на рацете или нозете со разни предмети кои им се наоѓаат при рака.
Сакате да извршите самоубиство
Во третиот ден кога депресијата владее со светот на болниот, на ум му доаѓаат мисли кои никогаш не би се појавиле во фазата на манијата. Сака да си го одземе животот, чувствувајќи се непотребно, несакано, осамено и рамнодушно кон себеси.
Уживате во вашата состојба
Без разлика дали сте се навикнале на таа состојба или таа претставува ново интересно откритие кое мислите дека ќе исчезне сама по себе, вие уживате во промената на расположението, а тоа претставува крајниот симптом кој покажува дека навистина се работи за ментално растројство.

Симптомите на оваа болест лесно може да се помешаат со секојдневните работи кои им се случуваат на луѓето ширум светот.
Затоа обрнете повеќе внимание и доколку ги имате сите симптоми на биполарност, обратете се кај психијатар кој ќе ви каже дали имате ментално растројство кое се лекува со психотерапија од антипсихотични медикаменти.
