5 Симптоми како да разликувате грип од настинка

Често се мешаат или се смета за едно исто ако почнете да кашлате или да ви тече носот. Но, зависно од неколку симптоми, може да препознаете дали се работи за обична настинка која лесно поминува или за грип кој мора да се лекува.

5-simptomi-kako-da-razlikuvate-grip-od-nastinka-01

1. Кога почнуваат првите симптоми?

Првите знаци на настинка се јавуваат ден до два по контактот со вирусот и почнуваат со чешање и воспаление на грлото кое постепено се влошува.

Грипот настапува брзо и нагло, кога за неколку часа го чувствувате целото тело како болно.


2. Кои се најчестите симптоми?

Болката во грлото и течењето на носот се први знаци на болеста која се појавува и при грип и при настинка, но со важна разлика.

Кај настинката проблемите со носот почнуваат откако ќе престане болката во грлото. Носниот секрет постепено станува пообилен, погуст и пожолт, а носот е цело време блокиран. Подобрување има после петтиот ден.

Кај грипот нема промена на носниот секрет, но кашлицата трае подолго, сува е и непродуктивна.


3. Колкава телесна температура значи грип, а колкава настинка?

Блокадата на носот и чувството на изнемоштеност кои настануваат поради оптовареноста на дишните патишта кај настинката предизвикува главоболка и треска.

Кај грипот симптомите се поинтензивни и телото останува приковано за кревет, што најчесто е предизвикано од температурата до 40 степени.


4. Кога треба да се лежи во кревет?

Зависно од вирусите кои ја предизвикуваат настинката се разликуваат различни симптоми. Некогаш тоа може да биде слабост и треска, лежењето не е неопходно и личностите со настинка може нормално да функционираат.

Кај грипот симптомите се со црвени и насолзени очи, кожата изгледа влажна и има висока температура. Болките во зглобовите, губењето апетит и исцрпеноста го принудуваат телото на лежење и минимален контакт со околината.


5. Колку долго трае настинката, а колку грипот?

Врвот на настинката се случува два до три дена по појавата на симптомите, а најлошото поминува по една недела. Настинката би требало целосно да се повлече за 3 до 4 недели по заболувањето.

Грипот го исцрпува телото, па болките и заморот може да се задржат неколку недели, понекогаш и месеци по првата појава на симптомите. Телесните активности во тој период стануваат потешки. Грипот го ослабува организмот и може да предизвика дополнителни болки во стомакот и мускулите. Доколку поради зараза вирусот почнува да продира подлабоко во телото, бактериите предизвикуваат воспаление на белите дробови.

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg