Хранете се и вежбајте како Блејк Лајви

Блејк Лајви важи за една од најпривлечните, најзгодните и најубавите дами на филмската сцена, па сигурно барем еднаш сте се запрашале во што е нејзината тајна. Време е да дознаете...

hranete-se-i-vezbajte-kako-blejk-lajvi-01.jpg

Убавата коса, виткото тело, нежната и негувана кожа се резултат на режимот на храна и вежбите кон кои се придржува прекрасната актерка. Блејк признава дека не може да му одолее на чоколадното задоволство, но тоа не значи дека не води грижа за здравјето.

Ако чувствувате дека итно ви е потребна промена во секојдневните навики, тогаш учете од Блејк Лајви:

Вежби за убаво обликувано тело:

Блејк не е девојка која сака да оди во фитнес центри, токму и затоа нејзиниот личен тренер и одредува тренинзи кои вклучуваат вежби што можат да се изведуваат буквално секаде. Овие вежби се наменети за обликување и зајакнување на мускулите на рацете и нозете, а се одлични за подготовка на телото за летото:

  • Чучнувања за обликување на задникот
  • Исчекори нанапред за намалување на бутовите
  • Подигнување на телото со помош на раце за зајакнување на грбот и рамениците
  • Различен тип на вежби за обликување на стомачни мускули
  • Скокање на јаже за согорување на калории

Природно цедени сокови за чистење на организмот:

hranete-i-vezbajte-kako-blejk-lajvi-2

Блејк вели дека овие сокови секогаш си ги приготвува сама, бидејќи во рестораните често можат да содржат разни скриени калории.

Нејзиниот омилен сок се состои од кељ, цвекло, јаболко и лимон, кој е одличен пијалак за детоксикација на организмот.


Дневно мени на Блејк изгледа вака:

hranete-i-vezbajte-kako-blejk-lajvi-3

1. Наутро јаде житарки со бадемово млеко, кое е богато со протеини кои им се потребни на мускулите после вежбањето.

2. Ручекот вклучува салата и извор на протеини кои ги има во пилешкото, рибата или јајцата.

3. За десерт си дозволува да си се почести со фина чоколада без која не може да си го замисли денот. 

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg