7 работи кои ќе ви помогнат да ја „убиете“ мигрената пред да се појави

Ако главоболката ви се јавува само привремено, тогаш сте среќни. Но, оние кои патат од мигрена, по првата секунда кога ќе почувствуваат болка знаат дека цел ден им е уништен.

7-raboti-koi-ke-vi-pomognat-da-ja-ubiete-migrenata-pred-da-se-pojavi-01.jpg

Ако спаѓате во овие вторите, подобро е да се обидете со превенција наместо да се напиете 10 апчиња во денот.

Еве 7 совети кои може да ви послужат како превенција:

1. Спијте здраво и цврсто

Лошиот сон е еден од најглавните причинители на мигрените. Ако спиете мирно и цврсто, тоа драстично ќе ги намали болките. Пробајте да си легнувате во исто време и да се будите во исто време, а во вашата соба нека владее мирна атмосфера. Препорачливо е таа да е темна и тивка. Креветот употребувајте го само за спиење, не за гледање телевизија или читање. Пред спиење избегнувајте да вечерате.


2. Правете аеробни вежби

Во 2011 година потврдено е дека редовното вежбање значително помага против мигрените. Лекарите веруваат дека 40 минути аеробни вежби 3 пати неделно се доволни за да се зголеми количеството на кислород во телото, што е одлична превенција против болка.


3. Внесувајте рибофлавини

Рибофлавинот е витамин Б кој го има во млекото, месото, јајцата, оревите и зелениот зеленчук. Секогаш можете да го внесете и во облик на суплементи. Доволни се 400mg дневно за хроничните главоболки да се намалат.


4. Не го заборавајте магнезиумот

Не заборавајте да земете и магнезиум, најдобро во облик на желатински капсули затоа што тие ја подобруваат апсорпцијата на минерали. Но, внимателно, не смеете да ја надминете препорачаната дневна доза - 350mg.

7-raboti-koi-ke-vi-pomognat-da-ja-ubiete-migrenata-pred-da-se-pojavi-02.jpg

5. Навремено земање лекови

Лекарите советуваат лекот да се земе на првиот симптом, односно првата болка, во стадиумот кој се нарекува продром. Исто така препорачуваат апчиња триптани кои се многу посилни од аспирините. Тврдат дека овие таблети ја спречуваат главоболката кај 60% од пациентите.


6. Пробајте терапија со температура

Жешката купка е секогаш супер опција за опуштање, но не сте знаеле дека таа може и да ја избрка главоболката која се наближува. Лекарите велат дека ставањето на жешки и студени облоги на главата или вратот може сериозно да ви помогнат, но само ако сте на почеток на главоболката.


7. Препознајте ги симптомите на стрес

Ако мигрените ви се предизвикани од стрес и напнатост, обидете се да разберете што ве нервира. Усовршете неколку методи кои може да ве направат посмирени за да се ослободите од мачната главоболка.

Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg