3 едноставни правила за добра меморија

Голем дел од информациите кои ги примаме во текот на денот воопшто не се вредни за паметење и кога мозокот сè уште е во форма тој добро може да процени што треба да се запомни, а што не.

3-ednostavni-pravila-za-dobra-memorija-01.jpg

Така на пример, многу бргу ќе го заборавите стариот пин, а ќе ги запомните новите броеви.

Едно истражување направено од страна на Универзитетот Стенфорд покажува која е важноста на заборавањето.

Со употреба на магнетна резонанса откриено е дека на испитаниците кои се присетуваат на некои важни животни информации, може да им пречат оние помалку важните секојдневни информации.

Но, еднаш кога ќе се присетат, веќе многу полесно може да раководат со таа информација, бидејќи се бришат неважните информации, а остануваат само најважните спомени.

Од друга страна, староста со себе носи и губење на информациите, па постојат 3 едноставни техники кои можете секојдневно да ги практикувате за да ја одржувате меморијата:


1. Одберете на што сакате да се сеќавате

Запрашајте се дали некоја информација ќе ви користи и во иднина. Така на пример, можеби сте запознале некоја личност на забава и постои веројатност дека нејзиното име ќе ви треба во иднина.


2. Максимално искористете ја технологијата

Податоците, адресите, телефонските броеви се работи кои не мора да ги паметите, туку можете да ги чувате во компјутерот или мобилниот.


3. Блокирајте ги непријатните сеќавања

Непријатните сеќавања може лошо да влијаат на вашата ментална острина, па добро е да се ослободите од нив. Кога ќе почувствувате дека навираат одредени непријатни мемории, најдобро е да ги замените со среќните сеќавања.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg