Со наслаги или вдлабнатини - Како изгледа здравиот јазик, а како вашиот?

Сакате да знаете каква ви е здравствената состојба и од што е предизвикан лошиот здив? Само исплазете го јазикот и погледнете се во огледало, велат сите стоматолози.

so-naslagi-ili-vdlabnatini-kako-izgleda-zdraviot-jazik-a-kako-vasiot-001.jpg

Јазикот е место каде се кријат многубројни бактерии кои го создаваат непријатниот мирис на устата. И колку повеќе наслаги има на него, толку полош е мирисот.

Колку и да ви звучи грозно, во устата имате милион живи организми, претежно бактерии кои живеат и опстојуваат на топла и темна средина.

Како да го препознаете здравиот јазик од оној кој укажува на здравствени проблеми и наталожени бактерии?

so-naslagi-ili-vdlabnatini-kako-izgleda-zdraviot-jazik-a-kako-vasiot-2.jpg

Здравиот јазик е розов, мазен и чист, без наслаги и линии на него (слика 1).

Јазикот со жолти наслаги кои стануваат сè потемни е знак дека во устата се создаваат сулфурни соединенија (слика 2). Длабоката пукнатина на средина исто е типична за оваа состојба, каде се кријат поголем дел од бактериите.

Грубиот јазик со пукнатини е уште еден знак дека имате лош здив (слика 3 и 4). Пукнатините и браздите се совршено место за развивање на бактериите.

Уште еден тип на јазик е „географскиот“ препознатлив по многубројни вдлабнатини и испакнатини, релјефаст и на места со наслаги, а на места чист (слика 5). Оваа состојба најчесто се јавува како последица од реакција на одредена храна, стрес, болест или хормонални пореметувања.

Некои јазици дури имаат и папили (кои изгледаат како влакна на јазикот). Овој „влакнест јазик “ повторно е место каде се размножуваат најмногу штетни бактерии (слика 6).


Што го предизвикува таложењето на бактериите и лошиот здив?

Некои пасти за заби - Се работи за пасти кои содржат натриум лаурил сулфат кој создава пена, но нема никаква корист за чистење на забите и јазикот. Плус, неодамна беше докажано дека овој адитив може да создаде ситни ранички во устата. Затоа задолжително читајте ги етикетите кога купувате паста за заби.

Храна богата со протеини - Бактериите се хранат со протеини, со што создаваат уште понепријатен мирис.

Сокови - Заради тоа што бактериите создаваат многу повеќе отпад со непријатни мириси во кисела средина.

Благо - Шеќерите создаваат слатка средина во која бактериите полесно опстојуваат, а и го забрзуваат расипувањето на забите, кои се идеално место за размножување на бактериите. Сето тоа завршува со непријатни мириси.

Сува уста - Затоа што сушењето на устата е совршено место за размножување на бактериите.

Цигари и алкохол - Затоа што предизвикуваат сувост на внатрешноста на устата.

Заболување на непцата - Преку болните непца многу полесно бактериите се размножуваат, па дури и навлегуваат во крвотокот.

Лекови - Ја сушат средината во устата, што како што веќе знаете, е идеално за размножување на бактериите.

Нетолеранција на лактоза - Ова може да предизивка мирис на кисело млеко во устата кога јадете повеќе производи на млечна база.

Би можело да ве интересира:

Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg