Кога седите со прекрстени нозе изгледате убаво, но дали е здраво?

Многу работи често ги правиме од навика без да размислуваме дали овие навики имаат штетно влијание по нашето здравје или не. Меѓу овие навики спаѓа и седењето со прекрстени нозе.

koga-sedite-so-prekrsteni-noze-izgledate-ubavo-no-dali-e-zdravo-01.jpg

Многу лекари тврдат дека седењето со прекрстени нозе не е здраво, односно ако подолг период нашите нозе се наоѓаат во некоја принудна положба тоа негативно се одразува на циркулацијата, па постои слаб проток на крвта до срцето.

Кај пушачите и оние кои имаат некакви проблеми со нозете, доаѓа до затегнување на нозете, создавање на отоци во долниот дел на телото, грчеви и непријатност кои траат долго.

Оваа состојба можете сликовито да ја замислите – кога цревото за вода некаде е превиткано, водата не може да тече нормално, односно се забавува протокот на вода. Таков е случајот и со вените и протокот на крвта во нив.

Последиците можат да се избегнат ако не седите долг период со прекрстени нозе, ако повремено станувате од столот или ја менувате положбата на нозете.

Но, дури и краткотрајното седење не поминува без последици.

Дали се важни годините?

Споменатите препораки посебно се важни кај постарите лица, но се вели дека човекот е стар онолку колку што му се и крвните садови, а истите стареат со пушењето и високиот холестерол, односно маснотии во крвта.


Патување со авион

Ако патувате со авион и седите со прекрстени нозе два или три часа, може да дојде до создавање на тромбови, па за време на летањето од посебна важност е постојано да ја менувате положбата на нозете. 

Би можело да ве интересира:

Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот? Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епиде...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg