Готвење во микробранова: Штетно или не?

Еден од најголемите митови на денешницата поврзан со храната е начинот на нејзино приготвување. Иако за многумина од нас микробрановата е неопходен елемент во нашата кујна без кој не би можеле да го замислиме живеењето, тука се оние кои се противат на нејзината употреба.

gotvenje-vo-mikrobranova-stetno-ili-ne-01.jpg

Главното обвинение против микробрановата е дека истата ги уништува сите хранливи материи.

Но ако размислите подобро, дали спанаќот би изгубил повеќе хранливи материи со неколку минутно загревање во микробранова или со нашиот начин на традиционално подготвување?

Дополнително треба да го земеме предвид и фактот дека одредени хранливи материи се разложуваат токму кога се изложуваат на голема топлина.

„При каква било обработка на храната нормално е дека истата ќе изгуби дел од хранливите материи, но сепак треба да имате предвид дека најдобриот начин за зачувување на истите е храната да се готви брзо, да биде изложена на топлина колку што е можно помалку и да се готви со минимална количина течности“ - изјавува Кетрин Адам Хантс, научник кој се занимава со проучување на исхраната.

gotvenje-vo-mikrobranova-stetno-ili-ne-02.jpg

И витаминот Б и витаминот Ц се подложни на вода и топлина, но истражувањата покажуваат дека во микробранова зеленчукот може да ги задржи овие витамини подобро отколку ако истиот се вари или се готви на пареа.

Научниците истакнуваат еден друг елемент кој е многу важен при користењето на микробрановата. Тоа се садовите во кои ја готвите храната. Водете сметка секогаш да користите садови кои се изработени од материјали и дозволуваат користење во микробранова, бидејќи во спротивно би можеле да си го загрозите здравјето со елементи кои се штетни.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg