Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 чести хигиенски грешки кои сигурно ги правите

Кога се работи за основна хигиена, сите сме сигурни дека го знаеме правилниот начин за туширање, нанесување крема и млеко за тело, миење на заби...

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-01.jpg

Тоа се работи кои ги правиме секојдневно, но заедно со нив правиме и неколку основни грешки.

Овие 6 се најчестите, кои треба во најскоро време да ги поправите:

1. Секојдневно ја ексфолирате кожата

Темелното чистење и ексфолирањето на кожата секој ден ви носи повеќе штета отколку корист. Важно е да правите ексфолација на неколку недели, но ако ја практикувате пречесто ризикувате да ја иритирате кожата, па потоа ќе бидете склони на акни и црвенило.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-02.jpg


2. Ги миете забите, но не ги чистите со конец

Нема човек кој не ја знае важноста на четкањето на забите, но ретко кој човек има навика да ги чисти забите со конец. Според стоматолозите, конецот е подеднакво важен за оралната хигиена и може да ве заштити од лош здив и гингивитис.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-03.jpg


3. Споделување на шминката

Секоја жена барем еднаш ја направила оваа грешка, а некои ја повторуваат секојдневно. Споделувањето на маскарата, тушот за очи и сенките е строго забрането. Можеби ви изгледа дека немате никаква штета ако споделите некој од овие производи со најдобрата пријателка, но тоа е најлесниот начин да „закачите“ некоја инфекција или бактерија.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-04.jpg


4. Не ги чистите предметите кои секој ден ги допирате

Дури и кога правите генералка, сигурно ги заборавате предметите кои секојдневно ги допирате, на пример далечинскиот управувач, мобилниот, тастатурата, кваките на вратите... Запаметете дека токму на овие места се собираат најмногу бактерии.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-05.jpg


5. Не се туширате веднаш по вежбањето

Потта лесно може да ви ја оштети кожата. Триењето од залепената облека води до иритации, акни и слични кожни проблеми, па затоа туширањето штом завршите со последната вежба е идеално, без одложување. Ако туширањето не е возможно набрзо, најмалку што можете да направите е да ја промените испотената облека.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-06.jpg


6. Ги оставате четките за шминка во несесер

Несесерите обично секогаш содржат остатоци од шминката кои стојат таму со месеци и години, па затоа и најчистите четки таму може да се инфицираат. Ако веќе морате да понесете четка со вас во чантата, погрижете се добро да ја спакувате или претходно да го дезинфицирате несесерот и сите производи во него.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите на цитомегаловирус и на кој начин се пренесува? Многу здрави луѓе не знаат дека во себе го носат овој вирус, а оние со ослабен и...
8 медицински лаги во кои не треба да верувате, според доктори Не треба да ја прекинете терапијата што ви ја препишал лекар ако се чувствувате ...
Хронична вагинална болка – што треба да знаете за вулводинија и кога да се консултирате со лекар? Хроничната вагинална болка се нарекува вулводинија и иако не е позната точната п...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
6 работи за менопауза што секоја жена над 30 треба да ги знае, според гинеколог Можно е да останете бремени во перименопауза, додека симптомите на менопауза мож...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg