Што си правите секојпат кога ќе ги прекрстите нозете?

Некои од нас штом седнат, веднаш ги прекрстуваат нозете, а најчесто тоа е автоматска реакција која не ја забележуваме.

sto-si-pravite-sekojpat-koga-ke-gi-prekrstite-nozete-1.jpg

Нема сомнеж дека се работи за елегантна и секси позиција, барем кај жените, но што му правите на телото во тие моменти кога сакате да изгледате поженствено?

1. Тоа што сте во една иста положба подолго време може да доведе до состојба која се нарекува парализа на перонеалниот нерв.

2. Во 2010-та година, различни истражувања покажаа дека ако подолго седите со прекрстени нозе, крвниот притисок се зголемува. Дури и ако немате никакви проблеми со притисокот, избегнувајте ја оваа положба ако сакате да останете здрави и да ги спречите можните проблеми со циркулација.

3. Оваа положба може да доведе до нерамнотежа на карлицата. Долготрајното прекрстување на нозете на крајот ги прави внатрешните мускули на бутовите пократки, а надворешните мускули подолги. Со тоа го зголемувате ризикот зглобовите да се поместат од своето лежиште.

4. Навиката за седење со прекрстени нозе ги зголемува шансите за развој на пајакови вени. Иако најзначаен фактор за воспаление и проширување на вените е претежно генетската наследност, честото прекрстување на нозете го отежнува протокот на крв, што го има истиот краен ефект - набабрени вени.

5. Истражувањата покажуваат дека седењето со прекрстени нозе подолго од 3 часа дневно може да доведе до подгрбавено држење, болки во долниот дел од грбот и вратот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg