Ви се јаде кисело или благо: 10 знаци дека на вашиот организам му треба помош

Човечкиот организам е навистина посебен, во него истовремено се одвиваат толку многу процеси што е навистина неверојатно како сите тие се усогласени во таква совршена целина.

vi-se-jade-kiselo-ili-blago-10-znaci-deka-na-vasiot-organizam-mu-nedostasuvaat-vitamini-1.jpg

Сепак, секогаш кога нешто не е во ред, нашиот организам ни испраќа знаци на кои треба да им обрнеме внимание, за да можеме да се погрижиме за проблемот уште на самиот почеток, пред нештата дополнително да се комплицираат.

Затоа обрнете внимание штом почувствувате некој од овие симптоми:

1. Сува кожа на лицето

На вашето тело му недостасува витамин Е. За да ги надополните потребните количини од овој витамин, во својата храна вклучете ореви, мрсна риба и растителни масла.

2. Кршлива коса и нокти

Овие симптоми укажуваат на недостаток на витамин Б и калциум. Внесете ги овие важни состојки преку интегрални житарки, мешунки, компир и млеко.

3. Зголемен апетит за сол

Потребата за зголемено внесување сол во организмот укажува на инфекција или воспаление, особено во урогениталниот систем.

4. Зголемен апетит за благо

Постои можност за нервна исцрпеност и потребно е брзо надополнување на енергија – гликоза.

Во ваков случај најдобро е да внесувате мед или темно чоколадо за да избегнете дополнителни проблеми со гастроинтестиналниот тракт. 

5. Крвавење на непцата

Во организмот има недостаток на витамин Ц. Овој витамин го има во лукот и кромидот, овошјето и зеленчукот. Исто така се препорачува и пиење на чај од шипка.

6. Немирно спиење, раздразливост, грчеви во нозете

Овие симптоми укажуваат на недостаток од магнезиум и калциум. Зголемете го внесувањето зелен лиснат зеленчук како спанаќ, блитва и кељ. Исто така плодовите како бадеми, сончоглед и ленено семе се познати по големата содржина на магнезиум.

Исто така одличен извор на овие микроелементи се и сувите кајсии, сливи и цвекло.

7. Сува кожа на лактите

Знак дека на телото му недостасуваат витамините А и Ц. Овие витамини може да ги најдете во овошјето и зеленчукот со жолта боја: моркови, тиква, кајсија, портокал.

8. Желба за сирова храна

Овој симптом може да укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Сировата храна помага да се ублажат грчевите и да се смири желудникот.

9. Желба за кисело

Желбата за кисела храна се појавува бидејќи истата му е потребна на организмот за стимулација на црниот дроб или жолчката. Вашиот организам ќе се чувствува подобро ако во храната вклучите производи како лимон и брусница.

10. Честа главоболка, замор и болки во зглобовите

Овие симптоми укажуваат на недостаток на вода во организмот. Водата е мошне важен елемент од човековото тело, па затоа треба да ја внесувате во поголеми количини. Имајте на ум дека соковите не се замена за вода.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg