Храна која е опасна ако ја јадете во големи количини

Секој лек може да стане отров, доколку претерате со количината. Сè зависи од дозата.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-001.jpg

Истото важи и за здравата храна, со која ако претерате, може да се доведете до сериозни проблеми.

Затоа, на време откријте која храна не смее да ја консумирате над препорачаната количина:

Моркови

Звучи како мит, но е вистина – ако често и многу консумирате моркови, бета каротенот во нив може да предизвика пожолтување на кожата. За среќа, нема да имате посериозни последици.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-01.jpg

Јаболка

Семките на јаболката, црешите, праските, сливите и кајсиите имаат минимални количини на киселина, со која ако често доаѓате во допир, може да почувствувате негативни симптоми како недостаток на воздух.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-02.jpg

Бразилски орев

Богати се со селен, но ако претерате бразилските ореви може да доведат до кршливи нокти, губење на косата, невролошки проблеми и проблеми со срцето.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-03.jpg

Мускатно оревче

Зачин кој се додава во апсолутно сè, но мора да се лимитирате на 20 грама дневно. Во спротивно, постои ризик да се соочите со губење на чувството за реалност, анксиозност, страв, халуцинации...

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-04.jpg

Горчливи бадеми

Бадемите се здрави, но повторно во умерени количини. Ако претерате со нив, ризикувате да ги нарушите киселините во стомакот, бидејќи содржат амигдалин. За децата критично е да консумираат над 10 парчиња, за возрасните критични се над 50 парчиња.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-05.jpg

Вода

Не ги земајте советите здраво за готово. Вишокот вода во организмот прави притисок на бубрезите, а воедно и ве тера да изгубите големи количини на натриум и калиум од крвта.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-06.jpg

Зелени компири

Недозреаните компири може да предизвикаат симптоми како гадење, повраќање, дијареа и проблеми со срцето.

hrana-koja-e-opasna-ako-ja-jadete-vo-golemi-kolicini-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
5 причини зошто не слабеете и не ви се намалуваат килограмите иако сте на диета Дали некогаш ви се чини дека сте на диета, а не слабеете? Се придржувате до исхр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Совети и техники кои ќе ви помогнат да се смирите среде паничен напад, според психолози Фокусирајте се на вашето опкружување, контролирајте го дишењето и не плашете се ...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg