Ќе побудалиме ли од загадениот воздух? Која е врската помеѓу загадувањето и менталното здравје?

Загадувањето на воздухот придонесува за појавата на различни здравствени состојби. Добро позната ни е врската помеѓу загадувањето и респираторните и кардиоваскуларните проблеми.

Koja-e-vrskata-pomegju-zagaduvanjeto-i-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Но, последните истражувања се занимаваат со следната теза – дали загадувањето има потенцијална улога во влошувањето на менталните состојби кај луѓето?

Податоците илустрираат неизбежна врска помеѓу депресијата и загадувањето на воздухот. Сепак, потребни се поопсежни и подетални високо квалитетни истражувања кои точно ќе го поткрепат ова тврдење.

Токсичноста на воздухот влијае врз централниот нервен систем. Различни загадувачи на воздухот, а особено PM честичките и азотните оксиди се поврзани со лошо ментално здравје: подолгата изложеност на штетните PM честици е поврзана со зголемен ризик од појава на нови симптоми на депресија, додека зголемената концентрација на азотен диоксид во летниот период е во тесна врска со влошувањето на постоечките депресивни состојби кај луѓето.

Koja-e-vrskata-pomegju-zagaduvanjeto-i-mentalnoto-zdravje-02.jpg

При толкувањето на овие наоди треба да се земе предвид ретроспективниот дизајн на повеќето студии. Ова значи дека постојат различните периоди на анализа и набљудување, фактори како што се возраста на луѓето и нивната медицинска состојба.

Потребни се понатамошни студии со ригорозна методологија за да се потврдат резултатите од овие тврдења.

Сепак, дали ни требаат студии и анализи со воздухот кој го дишеме? Само запрашајте се – како се чувствувате денес?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg