Големи митови за здравјето кои беа срушени во 2018-та

Науката и медицината во 2018 година забележаа значаен напредок, благодарение на напорната работа и на технологиите кои овозможуваат да се продлабочат знаењата.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-01.jpg

Сите нови истражувања ни помагаат подобро да ги разбереме сите аспекти на нашата здравствена состојба.

Да видиме што сè светот откри за здравјето во текот на изминатите 12 месеци и кои популарни митови беа срушени:

Мит: Кето-диетата помага во долгорочно губење килограми

Секоја година има некоја популарна диета, а кето-диетата дефинитивно ја одбележа 2018-та. Во оваа диета се јаде масна храна, а се отфрлаат јаглехидратите, за да може телото да влезе во фаза на кетоза, односно да согорува масти за енергија.

Многумина изгубиле многу килограми и тврдат дека се чувствуваат подобро од кога било. Сепак, според научните наводи, резултатите не се толку трајни и ако се вратат килограмите, после тоа многу тешко може да се изгубат повторно. Всушност, како и за секоја друга диета, така и околу кето-диетата треба да се консултирате со лекар.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-02.jpg

Мит: Треба да вежбате во интервали од 30 минути за да видите резултати

Популарно фитнес верување што доаѓа по тврдењето дека фреквенцијата на вежбање е поважна отколку вкупната количина на направени вежби. Па, така се појавија упатства кои сугерираат да се вежба на интервали од по 10, 20, а како најефикасна се наведува на 30 минути.

Сепак, тоа би значело и дека како физичка активност се брои самото станување од кревет, од биро, одењето во тоалет... Затоа останува на сила веќе познатата препорака за возрасни, кои треба да вежбаат помеѓу 2,5 до 4 часови неделно.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-5.jpg

Мит: Глутенот е штетен за сите

Овој мит со години се провлекува низ медиумите, а никогаш не ги губи следбениците, иако многу пати е разбиен. За потсетување, глутенот е штетен само за оние кои се алергични, односно имаат целијакија и проблем со апсорбирањето на хранливите состојки во организмот.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-03.jpg

Мит: Постојат специјални очила кои штитат од синото зрачење

Сина светлина, односно сино зрачење, доаѓа од електронските уреди како мобилните телефони, компјутерите, телевизорите и слични на нив. Многу фирми почнаа да продаваат специјални очила кои штитат од влијанието на сината светлина.

Во реалноста, лекот за тоа е поминување што помалку време пред екраните и почесто трепкање.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-04.jpg

Мит: Треба да јадете само суперхрана за да бидете здрави

Лосос, кељ, боровинки, овес и така во круг... Сигурно не може да биде здраво. Суперхрана е термин кој може да има различни значења во различни контексти, но најважно за човечкото здравје е во оброкот да има правилно искомбинирани намирници во соодветни количини.

golemi-mitovi-za-zdravjeto-koi-bea-srusheni-vo-2018-ta-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg