Што сè може да ви предизвика болка во стапалата, освен неудобните чевли?

На сите им се случило, а особено на девојките, да носат првпат нови чевли и тоа да резултира со ужасна болка.

shto-se-vi-predizvikuva-bolka-vo-stapalata-a-toa-ne-se-chevlite-001.jpg

И статистички е така, најчест извор на болка во стапалата кај девојките се токму неудобните чевли со висока потпетица, кои мораат да бидат „покажани“ веднаш штом се купени.

Но, доколку не се работи за неудобни чевли, болките можеби имаат друго потекло. Можеби се работи за повреда за која не сте ни свесни, сте имале промени во телесната тежина или пак, сте се изложиле на интензивна физичка активност.

Во продолжение ви ги наведуваме некои од честите причини за болка, што не ги вклучуваат чевлите.

Според тоа каде болката се појавила - што може да биде причината?

Предниот дел од стапалото

Во коренот на прстите, каде газите кога носите висока потпетица. Најпрво, проверете дали имате некаква повреда. Доколку нема такво нешто, можно е да се работи за реуматоиден артритис, кој ги напаѓа зглобовите.

Всушност, болката во предниот дел од стапалото е еден од првите индикатори за реуматоидниот артритис. Оваа болест е хронична, но бара редовна терапија и со лекови и со вежби. Секако, не значи дека треба да паничите, бидејќи можеби е само привремен проблем, но проверете го на лекар. 

Околу ножниот палец

Можна повреда на ножниот палец за која не сте ни биле свесни. Може да се случи поради предолго носење тесни чевли, но и да биде последица на спортска повреда, особено ако спортувате нешто што вклучува удирање со нога, на пример фудбал или карате.

Помалку честа причина е артритично воспаление, кое се случува поради присуство на калцификати кај зглобовите или на уреа, чии кристали се лепат на зглобот.

shto-se-vi-predizvikuva-bolka-vo-stapalata-a-toa-ne-se-chevlite-02.jpg

Надворешната страна

Може да е последица на изместување на мала коска, најчесто кај оние кои редовно трчаат и кај балерините. Се случува поради пролонгиран стрес врз надворешниот дел од стапалото и често болката е најинтензивна наутро, кога коските и мускулите не се загреани.

Проблемот, откако е дијагностициран, лесно се решава со помош на соодветни масажи и физикална терапија. Ладните облоги исто така може да помогнат.

Петицата

Ако чувствувате болка во делот на петицата, која е особено лоша наутро, а преку ден станува поподнослива, можно е да се работи за воспаление на ткивото кое преку сводот се поврзува со коренот на прстите.

Интересно е што оваа болка речиси исчезнува кога се движите, но во истиот момент кога седнувате да одморите, почнува повеќе да боли. Ова се случува затоа што нема доволно притисок врз коските и мускулите. Проблемот се решава најчесто со антибиотски локален третман.

Сводот на стапалото

Можеби е истиот воспалителен процес како за петицата, но може и да е последица на рамните стапала, доколку постоел тој проблем во детството.

Доколку забележите дека стапалото ви се врти навнатре и дека така имате помалку болка, побрзајте со закажување на термин кај ортопед, бидејќи тоа значи дека треба да носите ортопедски влошки во чевлите.

shto-se-vi-predizvikuva-bolka-vo-stapalata-a-toa-ne-se-chevlite-03.jpg

Горната површина на стапалото, над зглобот

Оваа состојба уште е позната како фудбалско стапало и е последица на набивање на коските и собирање на калцификати меѓу нив. Исто е присутна, но значително помалку ретка кај кошаркарите и професионалните танчери.

Исто може да се случи и изместување на лигаменти, поради физичка повреда, односно превиткување на стапалото. Лекот за оваа болка, покрај лекарска консултација е и одмарање, ладни облоги, компресивни преврски и поткревање на ногата врз перница.

Врвовите на прстите

Во овој случај се работи за физичка повреда или за инфекција. Оваа состојба е честа кај фудбалерите и кај оние кои трчаат, особено што е тесно поврзана со ударите на прстите во внатрешноста на чевлите. Тие удари не се интензивни, но кога се случуваат долгорочно, повредите, макар и на кожата, се неизбежни.

Исто така не е исклучена можноста и да се работи за инфекција на ноктите или нивно физичко оштетување, која особено тешко е да се забележи во зима, кога поминуваме многу малку време боси.

Во коренот на палецот

Болката во овој дел на стапалото може да значи дека се формира т.н. „мртва коска“, која се појавува поради изместување на зглобот и собирање калцификати.

Повторно, жените се поизложени на овој ризик, поради неудобните обувки и физичките активности кои ги имаат носејќи ги - особено чевлите со шпиц-врв.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg