9 едноставни тестови за состојбата на вашето здравје коишто можете да ги направите веднаш

Доколку сакате правилно да се грижите за вашето здравје, потребно е да правите целосни медицински испитувања, барем еднаш годишно.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje-01.jpg

Сепак, телото може да доживее промени и во периодот помеѓу тие тестови, па добро е да се знаат овие неколку едноставни начини како да го проверите вашето здравје во домашни услови:

1. Проверка на болести на срцето и белите дробови

Превиткајте ги показалците во форма на буквата Ј наопаку и притиснете ги ноктите еден до друг. Го гледате ли малиот процеп помеѓу нив? Одлично, тоа значи дека најверојатно вашето срце и крвни садови се во ред.

Доколку нема празнина помеѓу ноктите, тоа може да биде симптом кој укажува на низок кислород во крвта. Ниското ниво на кислород во крвта може да има повеќе причини како на пример, болести на срцето, белите дробови или воспаленост на гастроинтестиналниот тракт.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (9).jpg

2. Мозочен удар и деменција

За овој тест ќе ви треба штоперица. Подигнете ја едната нога така што натколеницата е паралелна со подот и мерете го времето. Можете ли да издржите 20 секунди или повеќе?

Одлично, најверојатно нема да доживеете мозочен удар или рана деменција. И обратно, доколку имате проблеми со одржувањето на рамнотежата на едната нога, можно е да имате оштетување на малите крвни садови во мозокот.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (2).jpg

3. Анемија

Додека стоите пред огледалото, повлечете го надолу долниот капак на окото. Нормално, тој треба да има потемно изразена розова нијанса. Доколку имате анемија, внатрешниот дел од очниот капак ќе има светлорозова или жолтеникава нијанса.

Анемијата се манифестира со недостаток на хемоглобин. Мускулите и ткивото на телото добиваат помалку кислород и не може да работи во полна сила. Доколку забележите дека сте бледи, заморени или ви недостасува воздух, најверојатно треба да направите тестови за проверка на железото.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (8).jpg

4. Хормонален дисбаланс и недостаток на микронутриенти

Губењето на косата е природен процес. Докторите велат дека секојдневно губиме 50 до 100 влакна и за ова не треба да бидеме загрижени. Сепак, за да бидете сигурни можете да направите едноставен тест.

Косата треба да биде чиста и сува. Фатете еден мал прамен со прстите и потегнете, внимавајте да не биде пресилно. Доколку имате 2-3 влакна во раката, тоа значи дека сè е нормално. Доколку се повеќе, треба да се консултирате со лекар.

Косопадот може да настане од повеќе причини, почнувајќи од стрес и лоша грижа за скалпот, па сè до хормонално нарушување и недостаток на хранливи материи.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (7).jpg

5. Синдром на карпален тунел

Подигнете ги рацете така што подлактниците ви се паралелни со лицето. Обидете се да го допрете долниот дел на дланките со прстите. Задржете така 1-2 минути. Доколку чувствувате пецкање, трпки и отрпнатост или болка во зглобовите, тоа може да биде знак дека имате синдром на карпален тунел.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (6).jpg

6. Дијабетес

За следниот тест ќе ви биде потребна помош. Побарајте од партнерот да земе молив со гумичка на крајот. Без да гледате треба да ви ги допира стапалото и прстите на ногата со едната и другата страна од моливот, а вие треба да погодите со која страна ве допира.

Доколку не можете да погодите со која страна ве допира, тоа може да значи дека нервните завршетоци на нозете не ви функционираат добро, а намалената сензитивност е знак за невропатија, односно оштетеност на нервите како резултат на дијабетес.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (5).jpg

7. Проблеми со артериите

Додека лежите на грб, подигнете ги нозете под агол од 45 степени и задржете ги така неколку минути. Забележете ја бојата на вашите нозе. Доколку се многу бледи, речиси бели, тоа е знак за слаб крвоток како резултат на затнати артерии. Разликата во бојата може да биде и само на едната нога.

Ова може да значи дека имате заболување на периферните артерии и вообичаено отпрвин нема никакви симптоми, но подоцна може да доведе до срцев удар или инфаркт.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (4).jpg

8. Слушање

Затворете се во тивка соба, приближете ја раката до увото и тријте ги прстите. Го слушате ли звукот? Сега полека оддалечувајте ја раката од увото додека не достигнете растојание од 15 см. Сè уште го слушате звукот? Одлично, значи дека слухот ви е во ред. Повторете го ова и со другото уво.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (3).jpg

9. Предиспозиција за болести на срцето и крвните садови

За овој тест ќе мора да излезете од дома. Качете се по скали (8-12 скали) и пејте истовремено или зборувајте на мобилен или рецитирајте песна. Важно е да не бидете тивки.

Доколку срцето почне силно да ви тропа, тоа значи дека кардиоваскуларниот систем и белите дробови не можат да се изборат со напорот.

9-ednostavni-testovi-za-sostojbata-na-vaseto-zdravje (1).jpg

На крај, ве потсетуваме дека овие тестови се само за ваша лична ориентација и никако не се замена за редовните годишни медицински испитувања.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg