6 предупредувачки знаци дека е време да се погрижите за менталното здравје

Дали околу себе гледате само сивило и безнадежност? Дали сте незадоволни од работата, врската, односите со луѓето?

6-predupreduvachki-znaci-deka-e-vreme-da-se-pogrizhite-za-mentalnoto-zdravje-03.jpg

Ако ги препознаете овие 6 симптоми кај себе, мора да сфатите дека e време за воспоставување на нов начин на функционирање и итно поставување на себеси на прво место. Ништо не е поважно од вас самите.

На крајот ќе бидете изненадени од трансформацијата.

Сигнали дека е време за промени и поголема грижа за менталното здравје:

Вашето расположение станува сè полошо, иритирани сте и песимистички настроени.

Се чувствувате ранливо, не спиете добро и тоа води кон депресија и анксиозност. Имате чувство на безнадежност и сè ве иритира.

Се чувствувате емоционално затапени

Ова е знак дека стресот влијае на вашето ментално здравје. Дисконектирани сте од работите околу вас и се чувствувате изолирано.

6-predupreduvachki-znaci-deka-e-vreme-da-se-pogrizhite-za-mentalnoto-zdravje-02.jpg

Не сте мотивирани за ништо

Немате ентузијазам за работата, врските или проектите од кои сте дел. Нивното на енергија ви е на минимум.

Сметате дека сте неуспех

Се чувствувате заглавено и сметате дека немате што повеќе да дадете од себе. Обесхрабрени сте затоа што не ги држите конците во свои раце и не можете да се справите со зададените барања.

6-predupreduvachki-znaci-deka-e-vreme-da-se-pogrizhite-za-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Навистина сте премногу уморни

Емоционалната состојба се рефлектира на вас и вие сте физички истоштени. Можни се сериозни последици врз вашето здравје.

Не можете да се концентрирате

Сериозно ви е оштетен когнитивниот капацитет, имате проблем да се фокусирате и да помните работи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg