Која е најздравата положба за спиење?

Секој човек во светот си ја има најдено својата удобна позиција за спиење, но сигурно не претпоставува дека одредени положби можат да предизвикаат здравствени последици.

dali-znaete-koja-e-najbezbednata-polozhba-za-spienje-01.jpg

Всушност, единствена здрава положба за спиење е на грб. Тогаш 'рбетот и вратот имаат најнеутрална и најприродна положба и ќе се поштедите од болки во грбот. Кога спиете на грб, никаде нема дополнителен притисок, ниту на колковите, ниту на рамениците, ниту на градната коска.

Интересно е тоа што спиењето на грб е најмалку популарна положба, околу 8% од возрасната популација. Од друга страна, најмалку 40% спијат во познатата фетус-положба.

Спиењето на грб не е препорачлуво за трудниците и за оние кои страдаат од ноќна апнеа. Бремените жени најдобро е да спијат на страна или во фетусна положба, бидејќи на тој начин не го попречуваат дотокот на кислород и хранливи материи до плодот.

Оние пак, кои имаат проблеми со застој во дишењето и зачестено 'рчење, најдобро е да спијат на стомак. Имајте на ум дека ако спиете во лоша положба, ризикувате да се разбудите со трнење во екстремитетите, болки и иритирани нерви.

Затоа, доколку немате оправдана медицинска причина да не го направите тоа, обидете се да ја применувате положбата на спиење на грб.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg